- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Низ очите на глобализирани Американки

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Младина, Туризам, Уметност и култура, Храна, Хумор

Две Американки, авторки на блогот Грлс гон глобал [1] (или грубо преведено Девојки што настапуваат глобално) добија многу пофалби од читателите, особено корисниците на Кајмак.от [2], за нивните постови за забавата во Македонија [3] и секојдневните впечатоци [4].