- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудиска Арабија: Црна кеса за ѓубре

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Саудиска Арабија, Жени и род, Староседелци

Американската Сабра [1] е во Саудиска Арабија… и има врска со она што го прават саудиските жени кога треба да се покријат од глава до пети кога се надвор од нивниот дом.

За Абаја или прекривката која ја носат жените во Саудиска Арабија, Сабра пишува:

Јас ја носам мојата абаја кога го напуштам нашиот дом за да извршам вообичаено пазарување на продукти – што е ЕДИНСТВЕНОТО пазарување што го извршувам тука [морав да го носам пред една недела или две, кога бев во центарот на градот за да најдам боја]. Не го сметам за „затвор“, но секако немам високо мислење за него, и го нарекувам „црна кеса за ѓубре“. Тоа е смешна одредба за облека, која жените тука се насила натерани да ја носат поради присилувањето наметнато од општеството и мажите кои сакаат контрола, чие похотно зјапање очигледно го потврдува недостатокот на нивното било какво самоконтролирање.

И со зборувањето за похотни мажи, Сабра го прикажува овој смешен настан на своите читатели:

Минатата вечер ДХ пријателот Ли дојде на гости. Тој, заедно со уште тројца други пријатели, бил во „фамилијарниот“ базен во нашето општество [ние имаме базен само за мажи, само за жени и фамилијарен базен каде можат да одат и мажи и жени]. Ли кажа дека таму имало млада девојка од Западот, која се сончала во нејзиниот мал Билабонг бикини костум – кој, инаку, не е дозволен во фамилијарниот базен – само во женскиот базен, кога „локален“ средовечен маж како што излегол од машката соблекувална не можел да си ги контролира неговите „похотни“ очи и како што одел се превртел кога неговите коленици се судриле со неподвижна клупа. Ли рече дека се што тој и неговите другари можеле да направат е да се смеат хистерично на спектаклот кој го направил човекот – а тој не бил повреден – само неколку мали гребнатини од неговиот контакт со циментот. Меѓутоа неговата гордост била срушена, а ако не била, тогаш требала да биде. Моралот, секако, е дека тој не требал да зјапа; глетката на млада девојка, која НЕ била завиткана во ужасна црна кеса за ѓубре, била премногу за него…