Никарагва: Слободен софтвер во јавните институции

„Територио Либерадо“ или Ослободена земја е фраза која се створила во 1970тите за да се означи крајот на диктатурата или владеењето на Анастасио Сомоса во одреден град или регион. Овие денови, локалните групи за Линукс и слободен софтвер зборуваат за нов тип на слобода: слобода да креираат и развиваат нивни софтвери и технологии, без рестриктивни лиценци или трошоци.

Блогерот ЛЕОГГ работи со јавните институции за да ги искористат комплетно овие технологии, со цел да ги направи поефективни. Во неговиот пост „Никарагва Либре“ (Слободна Никарагва), ЛЕОГГ објаснува како тие му помогнале на Јалапа, рурален град блиску до границата со Хондурас, на север на државата, да развие и користи софтвер базиран на Линукс.

Таму има два интересни проекти кои го вклучуваат Убунту. Првиот проект е за дигитализирање на илјадници јавни записи каде се користат Hardy и XSane од Убунту. Има 15 компјутери кои се наменети исклучиво за оваа задача.

Другиот проект вклучува 12 шалтери со Убунту и прилагоден софтвер за примање и извршување исплати.

Фотографија од шалтерите на Убунту

Во првата фаза на миграцискиот проект, околу 50 десктоп компјутери мигрираат кон Убунту во различни оддели.

Канцеларија од јавните институции

Најдобрата работа во сето ова е тоа што владините претставници не побараа нас за да помогнеме, а како последица на ова, тројца од нашите членови сега се редовно вработени како Убунту поддршка за нивните корисници.

Фотографии од ЛЕОГГ и користени под Криејтив комонс лиценца. За повеќе фотографии посетете го неговиот блог.

„комуНИдад“ (вака тие се нарекуваат себеси) не се фокусира само на рурални или владини групи. ЛЕОГГ објаснува во неговиот нареден пост дека тие „одат мејнстрим“:

Канал 2, најголемата телевизиска мрежа во Никарагва, ќе прикажува неделна емисија за технологија секој вторник, започнувајќи од 15 јули.

Продуцентите на оваа нова емисија се… да, погодивте!… нашата локална ЛКГ (Линукс корисничка група)

ЛКГ за Никарагва ги координира линукс корисниците од многу различни дистрибуции и дисциплини, вклучувајќи ги развивачите на Убунту, СУСЕ, Мандрива и други. Нивниот заеднички сајт е Linux.org.ni.

Може да дознаете повеќе вести и информации за нивната работа на архивата за вести на оваа група.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.