- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонските студенти по медицина живеат во средновековни услови

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Младина, Образование

Независниот студентски магазин „Излез“ објави галерии на фотографии направени од на студентките Дена Миладиноска [1] и Кристина Иванова [2] во државниот дом за студенти по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студентите ги објавија фотографиите од мизерните услови за живот во обид да ги поттикнат властите да ги поправат овие услови, на сличен начин како претходната иницијатива на жителите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ [3]

Во меѓувреме, студентската населба „Невена Георгиева-Дуња“, лоцирана во кругот на универзитетските клиники во Скопје и попозната како „Медицинар“, останува нем сведок на несреќниот студентски живот во земјата. Ако не сте знаеле, неминовно да се спомене, секој студент месечно издвојува три илјади денари за сместувањето во „Медицинар“. Што се добива за тие пари?