
Небото над источна Украина, каде авион кој пренесуваше 395 луѓе беше соборен. Фотографија дистрибуирана анонимно онлајн.
Авион кој пренесуваше 295 цивили се урна во Источна Украина. Украинската влада ги обвинува сепаратистите вооружени со руски ракети земја-воздух. Украинските бунтовници ја негираа одговорноста. Со неколку ЈуТуб видеа со лош квалитет и зголемен број на обвинувања, руските Твитерџии се среде масовно распространета хистерија.
Теперь всем пиздец.
— Kashin⚓Kashin⚓Kashin (@KSHN) July 17, 2014
Сега сите сме наебале.
Это полнейший пи-ц
— Alya Kirillova (@lubopitner) July 17, 2014
Ова е тотално сјебано.
Август е озогласениот крвав месец во руската историја. Жртви од минатото од „Августовата клетва“ вклучуваат неколку авионски несреќи, војни, терористички напади, природни катастрофи и така натаму. На некои Руси им е преку глава од идејата.
Только, пожалуйста, не надо про “август в этом году рано начался”
— Zlata (@prervana) July 17, 2014
Само, ве молам, да не почнуваме со „август дојде порано оваа година.“
Многумина дојдоа до природниот заклучок дека бунтовниците го собориле авионот, веројатно без намера и случајно, користејќи оружја снабдени од Москва.
В СНБО Украины заявляют,что имеют информацию о технике, которая находится в распоряжении боевиков и может сбивать самолеты на большой высоте
— Тихон Дзядко (@tikhondzyadko) July 17, 2014
Украинскиот Совет за државна безбедност изјавува дека поседува информации за воениот арсенал достапен на милитантите [во истокот], кој е способен да сруши авион на толку голема височина.
Секако, не секој е спремен да ги обвинува бунтовниците. Брз во реакцијата на Дзјадко е про-кремлинската фигура Константин Рјуков, кој го обвини Дзјадко дека избрзува со судењето.
Дзядко уже провел расследование и нашел виновных pic.twitter.com/2EodbjiRTX
— Константин Рыков (@rykov) July 17, 2014
Дзјадко веќе изврши истрага и утврди кој е виновен. [Дзјадко во неговите твитови пишува, „Сега ‘милитантите’ го претераа со нивните руски оружја.“]
Други се прашуваа зошто цивилен лет воопшто го преминувал украинскиот воздушен простор на бунтовниците.
Зона АТО закрыта для полетов гражданских судов, что делал там Боинг? pic.twitter.com/t8YQUA26NV
— Новороссия (@NovorossiaNews) July 17, 2014
Анти-терористичката зона е затворена за цивилни летови. Што правеше овој авион таму?
Се разбира, кога во сомнеж, секогаш е тука проверениот и докажан метод на обвинување на Соединетите Американски Држави. Всушност, многу Руси се уште се сеќаваат на еден инцидент кој се случи пред повеќе од 30 години—Кореанско воздухопловство – Лет 007, кој беше соборен од авиони на СССР, западно од островот Сакхалин во 1983 и кој ги ескалираше тензиите помеѓу САД и СССР.
Американцы никакие солдаты. Но они мастера провокаций. Война на востоке проиграна, поэтому им пришлось сбить малазийский самолет.
— Дмитрий Aгрaновский (@Agranovskiy) July 17, 2014
Американците не се војници, туку експерти на провокација. Војната во Истокот е загубена и затоа тие одлучија да го соборат овој малазиски авион.
Ужасная трагедия с малазийским боингом. И, почему-то, мне все это сильно напоминает американскую провокацию с южнокорейским самолетом в 80-х
— Тигран Кеосаян (@KeosayanTigran) July 17, 2014
Оваа приказна за малазискиот Боинг е ужасна трагедија. И, од некоја причина, навистина ме потсетува на американската провокација со јужно-корејскиот авион во 1980тите.
Детали за нападот и бројката на жртви брзо стануваат достапни, но ништо не може да се мери со брзината со која Твитер ги извртува теориите на заговор. Во средина која е толку поларизирана и гневна како што е онлајн дебатата за украинските бунтовници, фактите веројатно и никогаш немаа шанса.