- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хрватска: Полицијата разби мирен протест во Загреб

Категории: Источна и Централна Европа, Хрватска, Владеење, Граѓански медиуми, Најважни вести, Протест

Денес изутрина хрватската полиција разби мирен протест против узурпирањето на јавен простор во центарот на Загреб, при што уапси најмалку 11 граѓански активисти. Твитер фидот со името на улицата #Varsavska [1] послужи како главен извор на информации и фотографии од лице место.

Граѓанските асоцијации Право на град [2] и Зелена акција [3] ја блокираат Варшавска улица со месеци [4] (англиски) со цел да го спречат уништувањето на јавниот простор во пешачката зона во строгиот центар на Загреб со цел да се изгради рампа за подземната гаража на приватен трговски центар [5] (хрватски). Нивните напори ги поддржуваа илјадници граѓани кои доаѓаа на бројните протести [6] и културни настани [7] организирани во бранетиот јавен простор.

Изутринава полицијата уапси дел од организаторите на протестите со цел да овозможат градежни работници да исечат „непожелни“ стебла. Учесникот на протестот tmedak твитна [8] (хрв.):

Вести од марица: 11 луѓе се уапсени поради пасивен отпор #Varsavska [1]

Тој исто така објави и фотографија [9] на полицајците неколку моменти пред почетокот на „спроведувањето“. Други учесници и сведоци користеа телефонски повици, Твитер, Твитпик и јФрог за да споделат итни информации и фотографии од настанот.

[10]

Хрватската полиција „се справува“ со луѓето што протестираат. Фото на Марко Микиќ.

Корисникот на Твитер topssy [11] го документираше настанот преку фотографии:

Infopunkt [22] објави видео клипче од местото на Јутјуб

Корисникот на Твитер krunovidic обрна внимание [23] (хрв.) на селективната употреба на сила во случајот:

Очекувам полицијата да го стори истото наредниот пат кога селаните ќе блокираат пат и дека ќе ги користи истите методи како со екипата од #Varsavska [1]

Македонскиот блогер Андреј исто така ја прошири веста [24] [мак.] и постави линк до видео во живо [25] [хрв.] користејќи ги како пример за тоа како граѓаните треба да се борат за своите права.