- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Порторико: Новата Грција?

Категории: Латинска Америка, Порторико, Граѓански медиуми, Економија и бизнис, Медиуми и новинарство, Политика

Финансискиот аналитичар Кејт Лонг (@cate_long [1]), колумнист и блогер за новинската агенција Ројтерс, направи преглед на економијата во Порторико и тој не беше охрабрувачки. Во нејзиниот блог MuniLand [2], таа објави напис [3] во кој ги нагласува сличностите во економиите на Порторико и Грција:

Порторико може да се опише како американска земја од Третиот свет. Има 15,203 долари примања по глава на жител, а тоа e помалку од половина од степенот на најсиромашната држава, Мисисипи каде тоа е 31,046 долари и официјалната стапка на невработеност е 15,5 проценти. 45 проценти од жителите на Порторико живеат под границата на сиромаштијата, а 20 проценти од личните примања доаѓаат од федералните или јавните фондови на Порторико. Накратко тоа е економија која не оди никаде.

Но големиот долг на Порторико ја прави слична на друга земја погодена од криза која беше присутна во вестите неодамна: Грција.

Она што ја мотивираше да го напише текстот беше неодамнешното издавање на општински обврзници од владата на Порторико, чекор што долго време беше особено успешен, бидејќи, според неа, во иднина Порторико може да стане неликвидна поради тоа што економијата не се развива доволно брзо за да осигури совпаѓање со долгорочното отплаќање на јавните долгови.

Аналитичарот Sergio Marxuach од Центарот за Нова економија [4] се согласува:

На пофундаментално ниво , ниту земјата има контрола на монетарната политика па не може да ја обезвреднува валутата за да се поттикне економијата, ниту има силна продуктивна основа за издигнување брз раст; и можеби најважно од се, и двете економии се економски чуда основани на потрошувачка која била одржана со монетарна илузија, односно со имање пристап до посилни валути отколку што нивната економија може да оправда. Така, според мене основните сличности натежнуваат во однос на површните разлики меѓу двете држави.

Оваа информација не е нова за економистите. Сепак написот на Лонг поттикна силни реакции на интернет. Веб страната Alerta Progresista [5] [шпански] (Progressive Alert), една од официјалните страни на кампањата на Новата Прогресивна Партија, партијата предводена од актуелниот гувернер Luis Fortuño ја обвини Кејт Лонг дека е активист на Occupy Wall Street, дека не е вистински финансиски аналитичар и дека и било порачано да напише текст како дел од агендата против администрацијата на гувернерот Fortuño. Сепак, неколку луѓе на Твитер ја бранат Лонг.

Блогот Latino Rebels [6] создаде приказна на Storify [7], која ги сумира дискусиите на сите социјални мрежи.

Лонг беше изненадена од контроверзноста што ја предизвика незиниот текст и силните негативни реакции кои ги доби од администрацијата на Fortuño. Како и да е таа сфати дека оние кои најмногу обрнаа внимание на нејзиниот текст се луѓето кои не беа вклучени на пазарот со обврзниците:

Но излезе дека вниманието кое го добиваше моето дело беше од луѓе надвор од пазарот на обврзници. Оние кои одговараа беа оние кои го сакаат Порторико и се загрижени за неговата иднина, односно неговите државјани. Тие го споделија она што го напишав на Facebook. Весниците како elnuevodia.com [8] [шпански] и блоговите [9] [шпански] дебатираа на поентите како невработеноста на островот и дефицитната потрошувачка. Никогаш не сум видел такво нешто во САД.

Една недела подоцна Лонг објави отворено писмо до гувернерот на Порторико [10] во кое ги потврди нејзините првични ставови и го изрази нејзиното незадоволство кон личните напади кои ги прими. Сепак таа призна дека направи грешка во првиот текст:

…Направив една грешка во тој текст која не ја открив додека не ги прочитав извештаите на рејтинг агенциите за заедницата. Вашиот Устав бара главните обврзници и каматата да бидат исплатени пред владата да може да направи нови трошоци. Тоа значи исплаќањето на обврзниците имаат предност пред плаќањето за образование, здравствено осигурување, плати на работниците во владата и пензии. Пазарите на обврзници навиваат за ова, секако, но не сум сигурна дека вашите граѓани се целосно свесни за нив.

*Намалена фотографија на Rickymar [11] објавена под Криејтив комонс лиценца CC BY-2.0 [12].