- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите

Категории: Источна и Централна Европа, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Владеење, Граѓански медиуми, Историја, Јазик, Книжевност, Образование, Политика, Слобода на говор, Уметност и култура

Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ [1] во деведесеттите. Според интервјуто [2] со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица [3], книги од српски автори и издавачи, книги од ’сомнителни‘ Хрвати и левичари…“ Се проценува дека биле уништени 2,8 милиони книги (13% од книжевниот фонд) и 3000 споменици на антифашистичката борба. Корисници на Фејсбук од Македонија укажуваат дека на сличен начин чистачките фрлаат „застарени“ книги во ѓубре и во другите бившојугословенски држави.