Малиот банер во горниот десен агол на веб сајтот paraiba.com.br ги чини плаќачите на данок од Бразил, 30,084.61 долари месечно. Според договорот, ова е „Провизија за промоционален банер, брендиран од Сенатот со директен линк до неговата веб страница на страницата www.paraiba.com.br за дванаесет (12) месеци.“
Информацијата дојде од блогот Контрадиториум [1], каде Карлос Кардос ги објави резултатите од неговото истражување: бразилскиот Сенат месечно плаќа по 30,084.61 долари за банер за рекламирање со големина од 120×160 пиксели, дарежлив договор со не многу познат сајт. Овој сајт www.paraiba.com.br [2] [pt] е 208,667 на листата за рангирање според Алекса [3], во која самиот Контрадиториум [4] е многу подобро рангиран: 98,637. Кардос тврди дека ова не е прва година од договорот:
Моменталниот договор е потпишан на 15/5/2008, но не е првиот. На 12/4/2007 беше направен договор под истите услови, но чинеше само 40,000 долари месечно. Изгледа трошоците за одржување онлајн сајтови се имаат значително зголемено.
Линковите од погоре споменатите договори, и првиот [5] и вториот [6], се достапни на интернет. Меѓутоа, тие се модифицирани откако оваа информација се рашири низ блогосферата и португалскиот збор за „месечно“ е избришан. Оригиналната верзија на последниот договор, кој што е објавен подолу, може сѐ уште да се види од кеш меморијата [7]. „Месечно“ се појавува со големи букви под сумата за договорот (R$ 48,000 Mensal):
Блогерите брзо ја проследија веста. Блог де Алугуел [8] [pt] ја продолжи истрагата и откри неколку достојни факти за сопственикот на доменот (Хенрике Кирн од Ера Дигитал Интернет Графикс ЛТДА, според registro.br [9]). Наводно, групата е сопственик и на овие домени:
домен: correspondentejuridico.com.br
домен: eduardomedeiros.com.br
домен: efraimmorais.com.br
домен: efraimorais.com.br
домен: eradigital.com.br
домен: falcoesdaserra.com.br
домен: paraiba.com.br
домен: ronaldocunhalima.com.br
домен: william.com.br
Да, драги пријатели, домените припаѓаат на сенатор, избран од демократската партија итн.
Еден од нив ја хостира персоналната веб страница на Ефран Морас [10] [pt]. Тој е избран сенатор [11] [pt] за државата Параиба [12]. Марио Арага [13] [pt] дава повеќе информации за луѓето спомнати во имињата на домените:
Кој е Ефрам Морас? Тој е сенатор на демократската партија. Истиот оној кој го поттикна креирањето на приближно 90 $10,000 на месец за „позиции на вистината“ во Сенатот (без истрага од сервисите за цивилна конкуренција). Кој е Роналдо Кунха? Тој е таткото на моменталниот гувернер на Параиба, Касио Кунха Лима (двајцата од партијата ПСДБ). Мора да е коинциденција!
Маноел Нето, од Т3кокрација [14] [pt], истакна дека и покрај неговата зачудувачка цена, договорот може да биде нелегален бидејќи го прекршува законот 8,666, повеќе познат како „Законот за јавни тендери“:
Да разјасниме, не е можно да се склучи договор за сервис без понуди, кога е толку јасно дека нема конкуренција на пазарот. Дури ова да беше случај во кој малиот банер е толку прекрасно уникатен, особено e забранетo сервисите за рекламирање да се третираат како да се ослободени од наддавање и затоа овој договор не смее да биде одобрен, така?
Дебатата на оваа тема само што започна, а мејнстрим медиумите сѐ уште заостануваат. Многу од блогерите сега „ги концентрираат напорите“ и смислата за хумор за да добијат сличен договор со Сенатот, со тоа што многумина го објавија банерот од лево, на кој е напишано: „Драги Сенатори: Рекламирајте се на мојот сајт.“