Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: „Заборавете го адсенс, сакам банер од Сенатот!“

Банер на сенатот на сајтот www.paraiba.com.br

Малиот банер во горниот десен агол на веб сајтот paraiba.com.br ги чини плаќачите на данок од Бразил, 30,084.61 долари месечно. Според договорот, ова е „Провизија за промоционален банер, брендиран од Сенатот со директен линк до неговата веб страница на страницата www.paraiba.com.br за дванаесет (12) месеци.“

Информацијата дојде од блогот Контрадиториум, каде Карлос Кардос ги објави резултатите од неговото истражување: бразилскиот Сенат месечно плаќа по 30,084.61 долари за банер за рекламирање со големина од 120×160 пиксели, дарежлив договор со не многу познат сајт. Овој сајт www.paraiba.com.br [pt] е 208,667 на листата за рангирање според Алекса, во која самиот Контрадиториум е многу подобро рангиран: 98,637. Кардос тврди дека ова не е прва година од договорот:

Моменталниот договор е потпишан на 15/5/2008, но не е првиот. На 12/4/2007 беше направен договор под истите услови, но чинеше само 40,000 долари месечно. Изгледа трошоците за одржување онлајн сајтови се имаат значително зголемено.

Линковите од погоре споменатите договори, и првиот и вториот, се достапни на интернет. Меѓутоа, тие се модифицирани откако оваа информација се рашири низ блогосферата и португалскиот збор за „месечно“ е избришан. Оригиналната верзија на последниот договор, кој што е објавен подолу, може сѐ уште да се види од кеш меморијата. „Месечно“ се појавува со големи букви под сумата за договорот (R$ 48,000 Mensal):

Договор помеѓу сајтот и сенатот

Блогерите брзо ја проследија веста. Блог де Алугуел [pt] ја продолжи истрагата и откри неколку достојни факти за сопственикот на доменот (Хенрике Кирн од Ера Дигитал Интернет Графикс ЛТДА, според registro.br). Наводно, групата е сопственик и на овие домени:

домен: correspondentejuridico.com.br
домен: eduardomedeiros.com.br
домен: efraimmorais.com.br
домен: efraimorais.com.br
домен: eradigital.com.br
домен: falcoesdaserra.com.br
домен: paraiba.com.br
домен: ronaldocunhalima.com.br
домен: william.com.br
Да, драги пријатели, домените припаѓаат на сенатор, избран од демократската партија итн.

Еден од нив ја хостира персоналната веб страница на Ефран Морас [pt]. Тој е избран сенатор [pt] за државата Параиба. Марио Арага [pt] дава повеќе информации за луѓето спомнати во имињата на домените:

Кој е Ефрам Морас? Тој е сенатор на демократската партија. Истиот оној кој го поттикна креирањето на приближно 90 $10,000 на месец за „позиции на вистината“ во Сенатот (без истрага од сервисите за цивилна конкуренција). Кој е Роналдо Кунха? Тој е таткото на моменталниот гувернер на Параиба, Касио Кунха Лима (двајцата од партијата ПСДБ). Мора да е коинциденција!

Маноел Нето, од Т3кокрација [pt], истакна дека и покрај неговата зачудувачка цена, договорот може да биде нелегален бидејќи го прекршува законот 8,666, повеќе познат како „Законот за јавни тендери“:

Да разјасниме, не е можно да се склучи договор за сервис без понуди, кога е толку јасно дека нема конкуренција на пазарот. Дури ова да беше случај во кој малиот банер е толку прекрасно уникатен, особено e забранетo сервисите за рекламирање да се третираат како да се ослободени од наддавање и затоа овој договор не смее да биде одобрен, така?

Банер поставен од блогеритеДебатата на оваа тема само што започна, а мејнстрим медиумите сѐ уште заостануваат. Многу од блогерите сега „ги концентрираат напорите“ и смислата за хумор за да добијат сличен договор со Сенатот, со тоа што многумина го објавија банерот од лево, на кој е напишано: „Драги Сенатори: Рекламирајте се на мојот сајт.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.