Никарагва: Реални и хипотетични дополнувања на Твитер за политичарите

Од Твитер профилот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун:

Средба со г. Мигел д Еското Брокман од Никарагва, избран претседател на 63тата сесија на генералното собрание.

Благодарение на Твитер, сега ние знаеме кога Бан Ки-Мун се сретна со амбасадорот на Никарагва, Мигел д Еското, кој е свештеник роден во САД, кој беше дел од движењето на Либералната теологија во латинска Америка и тајно стана сандинистички сојузник во 70тите. Тој беше назначен за министер за надворешни работи на Никарагва во 80тите. Од неодамна тој е избран за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, за период од 1 година, започнувајќи од овој септември. Тој по изборот, накратко рече (од Википедија):

„Се надевам дека моето претседателство ќе се занимава со она што стана универзален глас низ целиот свет за демократизацијата на Обединетите Нации. Ветувам дека ќе дадам комплетна поддршка за работната група за ревитализација на генералното собрание.“

Беше смешно да се види како Никарагаванците дознаа за оваа средба… преку Твитер! Никарагванската заедница на Твитер, Твитник [es] коментираше на оваа интересна информација и се прашуваа кои други влијателни политички фигури ја користат оваа популарна алатка:

Сега гледате дури и Обединетите нации користат Твитер. Каков би бил твитерот на нашиот претседател? или на нашите креатори на закони???

@danielortega: Ќе се видам со г. Чавез

@arnoloaleman: TWITTER POLL: Каде да јадам денес: (повикување на неодамнешната посета на протестантите)

@eduardomontealegre: Ако тие ме затворат, ќе ја затворат и Никарагва

@ElCheleGrisby: @eduardomontealegre ТИ НАВИСТИНА НЕМАШ СРАМ (ElCheleGrisby е Вилијам Гризби, радио коментатор од Син Фронтеран, критичар на десницата и левицата во Никарагва)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.