Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Зошто Кина стави вето на санкциите против Зимбабве?

На почетокот на оваа година, Кина испрати цел арсенал оружје во Зимбабве и тоа пред самиот почеток на контроверзните претседателски избори. По обвинувања за политичко насилство и потоа повторното избирање на претседателот Мугаби, минатата недела Кина се спои со Русија при советот за безбедност на Обединетите нации и стави вето за санкциите против Мугаби и неговите поддржувачи.

Индискиот блогер Риан Јифенг одлучи да напише за ветото на својот блог, започнувајќи со истакнување на интерната важност на овој инцидент, покажана и од огромното покривање од западните медиуми, како известувањата за оваа вест на англиски јазик во поголем дел биле критики кон Кина и како е тој збунет од тоа што навистина се случува и какво всушност место е Зимбабве.

Започнувајќи од тоа, тој наоѓа некои бројки за моменталната инфлација таму, трошоците за живот, економската ситуација, позадината на претседателот Мугаби и кратко објаснување на причините за неодамнешното насилство по изборите, а објавува и мапа:

Мапа на Зимбабве

Не е тешко да се види, Зимбабве е многу, многу збркана земја. Всушност, таа е на работ на почеток на цивилна војна.

[…]

Бидејќи земјата има цивилна неслога, зошто тогаш Кина не би се согласила да ги забрани пратките со оружје?
Тоа не е толку едноставно како што го кажа портпаролот на министерството за надворешни работи, бидејќи Кина има многу интерес за инвестирање во Зимбабве.

Подолу во постот:

Од ова може да видите дека Кина е веќе многу вклучена во внатрешните работи на Зимбабве, комплетно игнорирајќи ги принципите на „невклучување во внатрешните работи на другите земји“. Пекинг вложува пари, оружје и обука на војската на владата на Мугаби. Под овие услови, секако дека ќе стави вето на одлуката за санкции на Обединетите нации.

[…]

Сега, не би шпекулирал зошто Пекинг го поддржува Мугаби. Би сакал само да цитирам нешто од Пекинг Дак, што ја истакнува природната заедничка привлечност што двете страни ја споделуваат:

Се повеќе Кина е гледана како закана за надежите и плановите на демократиите низ светот.

Кинеските политичари се доживуваат како да се обидуваат да ја рашират теоријата за економски успех преку силна и автократска централна земја, која може да ги убеди лидерите на сиромашните земји без силен закон да ги променат кршливите демократски закони и да го цементираат нивното правило со оправдување дека ќе ја подобрат нивната економија.

Точно така е, диктаторите насекаде се обожаваат меѓу себе, како што авторитетните режими се поддржуваат. Мислам, од дното на срцето, дека Пекинг е многу повеќе наклонет кон договори со диктатори отколку со демократски влади. Она што можеби не го видовте за време на пренесувањето на олимпискиот факел е дека протестите се случуваа во сите демократски земји, а во сите авторитетни земји се помина без проблеми. Уште повеќе, додека Пекинг ја игра улогата на „пријател на диктаторите“ во преговорите со САД, се обидува и да добие дел од пленот. Нуклеарната криза со Северна Кореја е одличен пример.

Како што е напишано во Библијата: „Нека правдата тече како вода, а праведноста како моќен поток!“ На Кина, на оваа земја, не само што и недостасува правда во нејзините кругови, туку ја блокира правдата и во другите земји и ги угнетува нивните граѓани. Како Кинез, чувствувам екстремна тага и беспомошност.

Дополнување:
Зенг сакаше да види коментари од преведените постови, па затоа:

Санзомалдини:

…и Хитлер и СССР се споија за да поделат Полска

атлас:

Не, ние не може да формираме добри сфери на влијание во места како САД и Велика Британија, ние мора да одиме во очајни места како Зимбабве.

велко:

1. Бидејќи луѓето не беа едногласни во одлуката за забрана на пратките со оружје, зошто Кина да не биде во можност да продава оружје? И која е земјата која е најголемиот извозник на оружје? Вие не мислите дека е мирно и демократски сега, нели? Доколку тие Зимбабвејци со можност да купуваат оружје беа про-Американци, на која страна ќе беше Америка?
2. Зимбабве е нација со право да донесе одлука за судбината на својата земја. Доколку немаше оружје, дали борбите би сопреле? Се плашам дека не. Ова звучи лошо, но доколку тоа е случајот, работите само ќе траат подолго пред некоја страна да победи. Повеќе луѓе ќе умрат и ќе се изгуби цела генерација во борбите. Доколку инсистирате дека оваа земја треба да постапи како што вие предложувате, нема ли тоа само по себе да биде тоталитаризам?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.