- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија: Сакамото Риома, херојот

Категории: Источна Азија, Јапонија, Граѓански медиуми, Историја, Медиуми и новинарство, Уметност и култура

Уверен, харизматичен и секогаш привлечен, Сакамото Риома (坂本龍馬) отсекогаш бил една од омилените јапонски историски личности. Откако во Јануари годинава радиотелевизискиот канал NHK започна да ја емитува историската драматична серија Риомаден (Ryomaden龍馬伝: „Легендата за Риома“), во земјата се случи национална Риома-манија.

Website for Ryomaden [1]

Официјалната веб-страница за Риомаден

Наречен „самурај на ренесансата“, во биографијата [2] напишана од историскиот истражувач Ромулус Хилсбороу, Риома беше клучна фигура во соборувањето на шогунатот Токугава. Неговото движење, поттикнато од зголемениот ризик од западната колонизација, стави крај на феудалното владеење кое траеше речиси 300 години. Јапонија набрзина стана индустријализирана земја со современа влада водена од цар и ги отвори вратите за странската трговија. Блогот The Psychology Masters ни дава детален опис [3]на животот и на историската значајност на Риома.

Риома е едноставно најновата во големиот број на книги, филмови и телевизиски серии кои се базираат врз животот на овој човек. „Телевизиската мрежа, секоја година продуцира една прекрасна високобуџетна историска драма наречена Таига драма, објаснув [4]а Питер Пејн. Веблогот Jdrama ни претставува еден список и детални објаснувања за главните карактери [5]. Риомаден исто така ќе биде „извезен“ и во други земји – Funn весело јавува дека серијата ќе биде прикажана во Тајван, со кинески поднаслови и можно е најзино прикажување и во Кореа, Тајланд и Виетнам.

Се вели дека денешниот начин на гледање на Риома, е обликуван главно од историската новела на Риотаро га Јуку (竜馬がゆく: „Риома оди напред“). Како што објаснува pigrilm_reader [6] :

青春歴史小説である『竜馬がゆく』は、『坂の上の雲』と並んで紛れもなく司馬遼太郎の代表作である。 この小説を人生の一冊として挙げる日本人は特に多く、また功成り名を遂げた政治家や経営者が後輩に薦める一冊としても、この作品が選ばれる場合が圧倒的に多い。戦後に生きた多くの日本人を魅了し、 心を励まし続けてきた、まさに国民的な歴史長編と言える。

Без сомневање, ремек-дело на Риотаро Шиба е историскиот роман Риома га Јуку, покрај Сака но Уе но Кумо. Постојат многу Јапонци кои оваа книга ја нарекуваат своја Библија. Исто така, оваа е убедливо најпопуларната книга која политичарите и менаџерите кои постигнале слава и богатство  ѝ ја препорачуваат на помладата генерација. Книгата го маѓепсува и безрезервно го храбри духот на луѓето кои живееја во повоената Јапонија. Оваа историска серија е навистина национален роман.

Ликот на Риома е насекаде, на меморијални монети [7], лименки од пиво [8], па сѐ и до кафе latte украсено со неговиот лик [9]. Блогерот The Hopeless Romantic [10] постира слики од Риома кои се среќаваат низ целиот град, а Time Out Tokyo наведува една листа [11]со места во кои жителите на Токио можат да ја „пробаат“ легендата.

[12]

корисник naitokz на Flickr

Едно од најпознатите места кои може да се посетат е паркот Кацурахама во префектурата Кочи [13][јапонски], во кој е поставена огромна бронзена статуа на Риома кој гледа накај морето. Блогот The Citynet јавува дека за да можат посетителите да се доближат поблиску до статуата, направена е привремена кула [14] [јапонски].

Такаши Јошида коментира [15]:

それにしても空前の龍馬ブームである。高知は以前から観光も龍馬頼みで、空港の名も高知龍馬空港。そして「龍馬伝」の経済効果は409億円で高知県の県内総生産の2%というから相当なものだ(自分の給料が2%増えたことを考えるとその効果の程がわかる)。私は、高知で11年暮らしたので坂本龍馬の高知での人気ぶりは知っている。しかしこの全国的な人気はどうだ。ブームに便乗して稼げる内に稼ごうという姿勢が丸見えの地域もあらわれている。自民党から共産党まで、保革を問わず政治家は龍馬を口に出していればまず安心である。

Земјата живее една незапомнета Риома-манија. Кочи секогаш се потпираше врз Риома за туристички цели. Дури и нашиот аеродром е наречен Кочи Риома Аеродром [16]. Економското влијание на драмата Риомаден е огромно – само во префектурата Кочи претставува 2% од нето производството и 40.9 билиони јуани во целата земја (Фактот што мојата плата се зголеми за 2% би можел да ви помогне да сфатите за какво влијание се работи). Бидејќи живеам во Кочи последните 11 години, неговата популарност ми е добро позната, но што се однесува до националната манија – не сум сигурен. Јасно е дека некои места имаат намера да заработуваат пари сѐ додека можат и затоа ја пратат оваа мода. Политичарите од обете страни на спектрумот, од Либералната демократска партија па сѐ до Јапонската комунистичка партија, сметаат дека се безбедни сѐ додека го спомнуваат Риома.

Зошто Риома предизвикува толку љубов и почит? Блогерот Џон го разгледува ова прашање [17]во својот осврт на книгата Сакамото Риома и револуцијата Меиџи на Мариус Јансен [18].

Бидејќи Риома БЕШЕ една од најзначајните личности за време на периодот Бакумацу. Неговата личност, карактер, неговата способност да развива врски и да твори сојузи, му дозволуваше да го направи она што малкумина би го направиле. […] Сметам дека низ историјата на познатите историски фигури ќе најдете многу примери на луѓе кои можеби не развија толку многу единствени идеи, но се познати поради тоа што тие идеи ги зеле за пример и ги подобриле или ја искористиле својата способност и вештина за да ги изведат. Сакамото Риома не се разликува од нив.

Еве уште една причина наведена на пост на Q&A site Yahoo! Chiebukuro [19]. Здружението кое се спомнува е поморската трговска компанија Каиентаи [20].

Соработникот на Риома Ивасаки Јатаро [21] би продолжил да ја гради империјата на Мицубиши.

龍馬が日本で初めて株式会社を設立したのは知っていますか。おそらく当時の日本で龍馬は突出した経済感覚を持っていた人物だったでしょう。つまり金儲けの才能がずば抜けていた。その才能を自分だけの利益のためでなく日本全体のために働かせようとしていたところが尊敬されるのでしょう。
そういった意味で龍馬が若くして死んでしまったことは残念でなりません。

Дали знаевте дека Риома беше основачот на првата модерна компанија во Јапонија? Би рекол дека Риома беше пред своето време кога се работи за чувството за бизнис – неговата способност да заработува пари беше исклучителна. Но, причината што Риома е толку почитуван во својата татковина е фактот дека својата надареност да прави добрини ја искористи за својата земја, а не само за себе. Не останува ништо друго, освен да замислувате што ќе се случеше ако не умреше толку млад.

Најава на втората сезона на Риомаден

Еден од најпознатите обожаватели е Масајоши Сон [22], основач и претседател на телеком-гигантот Softbank. Еве еден случаен факт: логото на Softbank [23] се базира на логото на трговската фирма на Риома Каиентаи (海援隊). Минатата година, корисникот @masason напиша на Твитер [24]:

来年の大河ドラマは、坂本龍馬。私が最も尊敬する偉人です。 日本の夜明けのために命をかけた。立派なことだと思います。 事業を通じて少しでも龍馬さんの心境に近づけたらいいなあと思います。

Таига драмата на мрежата NHK која ќе се прикаже наредната година е за Риома Сакамото, човек кого почитувам повеќе од било кого на светот. Го жртвуваше својот живот за новата утрешнина на Јапонија. Тоа нешто е за огромна почит. Преку мојата фирма, се обидувам да се доближам до начинот на кој размислуваше Риома-сан.
[25]

Фотографија од музејот Едо-Токио

Во 1863, Риома напиша едно писмо до својата постара сестра, во кое вели: „Би сакал уште еднаш да ја исчистам Јапонија“.

Оваа пролет, писмото беше изложено во музејот Edo-Tokyo [26] [25] [јапонски], како дел од изложбата по повод серијата на драми на каналот NHK. Овде [27] ТЏ Ороса ја опишува изложбата.

И покрај тоа што зборовите беа претерано често цитирани, особено на политичката сцена [28], она што повеќе допираше до нашите срца беа чувствата. duku0312 [29] блогираше:

Се вели дека Јапонија на крајот на Едо-ерата кога живееше Риома Сакамото, личи на денешната Јапонија, со долг од речиси еден квадрилион јуани, која сѐуште не се занимава со глобализацијата и чии луѓе се засегнати од нејзината политика и иднината.

Затоа Јапонците посакуваат да се појави еден модерен Риома Сакамото. Но…