Рано летување во Кувајт

Фотографија од марината на Кувајт

Како што се зголемува живата на термометрите и доаѓањето на летото во Кувајт, блогерите се зафатени со барање на локации за нивните летни одмори.

Меѓу нив е и Здистрикт, кој бил на патување на островот Кубар. Тој пишува:

Ова беше топол викенд и одењето во Кубар не беше лоша идеја, сакав да скокнам во вода за да се оладам. Ми требаше околу 20тина минути за да го подготвам бродот и да почекам неколку луѓе пред да тргнам за Кубар. Беше топло и на палубата и сакав да скокнам веднаш во водата, но водата на марината е доста одвратна, па затоа се откажав и наместо тоа се разладував со коцки мраз, кои се растопуваа брзо.

Во меѓувреме, Десертгрлкувајт, оди на патување во Кабд. Таа го опишува својот излет:

Кабд на локален дијалект се изговара „чебд“. „Чебд“ значи црн дроб на арапски. Не ме прашувајте за поврзаноста. Не знам.

Бидејќи владата ја сруши целата Фунатис област од автопатот Фахахел (30), каде беа повеќето од фармите, скоро целата поранешна популација се пресели во своите фарми во Кабд. Никој (освен мојот пријател, М, чија жена го исфрли од куќата) не живее на овие места, кои беа наменети за земјоделство. (Кога велам „земјоделство“ мислам на „забава“)

Чилнит оди во Кувајтскиот аквариум и пишува:

За викендот одлучивме да го посетиме Кувајтскиот аквариум, сместен во Кувајтскиот научен центар. Еден збор „Фантастично“…

Доколку сте истрошени од жештината, под стрес од работата или би сакале да искулирате… само наминете во аквариумот.

Фотографија од здистикт

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.