Албанија: Нов сајт на УНЕСКО за светско наследство

Овогодинешниот состанок на комисијата за светското наследство на УНЕСКО се одржа во Квебек, Канада, од 2-10 јули, и како резултат, беа запишани 27 нови локации во листата на Светското наследство, кое сега брои вкупно 878 места. Според блогот на Степинг стоунс, градот Берат во Албанија исто така се впиша во листата на УНЕСКО:

[…] Додатокот е проширување од страна на комисијата на наследството на УН , која го додаде центарот на градот Берат на страната на [Ѓирокастро], кој беше ставен на листот на наследство во 2005.

Степинг стоунс исто така објави неколку фотографии од патувањето во Берат минатата година, како што е оваа подолу (можете да го видите целиот албум од Берат овде):

Стариот град од Берат

(Фотографија од стариот град на Берат од Мис Ким)

Блогот Балканфорум го опишува Берат цитирајќи го извештајот на УНЕСКО:

Берат беше додаден како “редок примерок на добро зачуван отомански град”, изјави УНЕСКО.

“Берат носи сведоштва за коегзистенцијата (соживот) на различни религии и културни заедници со векови наназад,” се додава.

Градот со популација од 64,000 го карактеризира замок локално познат како Кала, најголем дел од него бил изграден во 13тиот век, иако датира од пред повеќе од 2,400 години.

Градот вклучува многу византиски цркви, најголем дел од 13тиот век, неколку од нив имаат вредни цртежи и икони на ѕидовите.

Исто така во градот има неколку џамии кои се изградени под турската окупација која започнала во 1417 и неколку куќи за религиозни заедници, особено некои користени од Суфите во 18тиот век.

Византиска црква во Берат

(Фотографија од Византиска црква во Берат од Џејсон Роџерс)

Тафик Џамјоун во неговиот патопис за Балканот го опишува Берат вака:

Ова беше комплетно поинаков стил на архитектура и план на градот од она што го видовме досега. Домовите се градени од камења собирани од полиња или од некој вид на бел материјал со дрвени парчиња низ нив, многу поинакви од старите градови што сме ги виделе досега градени под влијание на Рим и Австрија. Она што исто така не засегна за овој град беше недостаток на било каков туризам. Ова беше комплетно град за живеење без ниту една тезга за продавање пијалаци или разгледници. Наместо тоа имаше мисирки и кокошки како шетаат наоколу…и се разбира, имаше мерцедес!!

Берат одозгора

(Берат одозгора од МаГе)

Забелешка за оние кои се заинтересирани да погледнат повеќе фотографии од Берат: корисникот на Фликр, МрСцо има многу добар скорашен албум од градот.

За листата на светското наследство, блогерот Храг Вартаниан направи една интересна забелешка:

Направив малку истражување на Википедија и открив дека дистрибуцијата на градовите на светското наследство е малку искривена:
* 49% се во Европа и Северна Америка
* 21% се во Азија и Пацифик
* 14% се во Латинска Америка и Карипските острови
* 9% се во Африка
* 7% се во Арапските држави (зошто се овие издвоени мене ми е непознато, штом не постои такво нешто како “Арапска” држава, туку држава со мнозинско арапско население)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.