- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Уривање на згради

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Египет, Владеење, Закон, Здравје, Младина, Најважни вести, Развој, Хуманитарен одговор

Наслови за уривање на згради и извлекување на тела на деца од урнатините се вообичаени во Египет. Ибн Ал Дуниа [1], пишувајќи за Фустат, не известува за последната трагедија која одзеде пет невини животи.

Блогерот објаснува:

Една зграда во градот Мансоура на делтата на реката Нил се сруши вчера вечер. Објавено е дека се мртви петмина, и уште пет други се повредени според официјалната египетска новинска агенција Мена. […] Тоа беше стара трикатна зграда.

Зошто се случува ова? Ибн Ал Дуниа смета дека е од следнава причина:

Уривањето на згради се случува пречесто во Египет. Многу од случаите се со екстра катови или додадени се два ката без одобрение на властите, и сето ова се случува понекогаш со години пред да биде откриено, или во случаи како овој, завршуваат со фатален исход.

И какви превентивни мерки се превземаат за да се спречат вакви трагедии? Ибн Ал Дуниа вели:

Во 1966 беше донесен нов закон за овој проблем, но многу малку, ако не и ништо е променето. Последен случај од оваа трагична сага, пред вчерашната епизода беше во Александрија во декември 2007, кога 35 луѓе ги загубија животите.