Подолу е една од многуте приказни кои се слушаат деновиве на улиците на Атина; се издвојува по тоа што е дел од написот насловен Флертување со смртта, напишан од страна на Јоргос Авгеропулос, наградуван грчки новинар познат по неговите репортажи за судири, војни и протести:
[…] Да почнеме од почетокот. Околу 13:30 часот многу луѓе се собрани околу собранието. Не носат маски. Не фрлаат камења. Тоа се постари лица, малолетници, мажи, жени, студенти, работници, невработени луѓе кои извикуваат слогани, го прават познатиот гест со рацете кон парламентот, а оние најжестоките стојат токму во првите редови—највеќе што направија е што извикуваа пцости и ја тресеа оградата која беше поставена пред споменикот на „Непознатиот војник“. Со други зборови, не се случуваше ништо важно што ќе ги оправда настаните што следуваа потоа. Одеднаш, од секаде, од десно, од лево, и од средина, започна генерален напад на полициските сили, при што демонстрантите беа истуркани кон скалите на плоштадот Синтагма. Замислете илјадници луѓе како безглаво трчаат кон тесен отвор широк помалку од 10 метри. Од позади нив, полицијата фрлаше светлосни ракети, гасни бомби и солзавец кон толпата луѓе, создавајќи општа паника. Луѓето се изгорени од светлосните ракети, се гушат од солзавецот, видливоста е значително намалена, почнаа да газат еден преку друг и да се тркалаат низ скалите. Луѓе се онесвестени, други прегазени до крв. И покрај сето тоа, полицијата не се повлекува. Тие со своите палки го удираат секој што ќе им се испречи на патот. Всушност, луѓето газат еден преку друг за да се спасат. […]
По повеќе од еден месец мирни протести и собири на плоштадот Синтагма, минатата среда на 29 јуни, на денот кога беше закажано изгласувањето на Мерките за штедење од среднорочната програма на Владата, демонстрантите имаа намера да ја опколат зградата на собранието. Но, грчките власти беа решени да не дозволат тоа да се случи.
Според член 11 од грчкиот устав, „јавното собирање може да се забрани со аргументирана одлука од страна на полициските надлежни органи, генерално, доколку се констатира неизбежно загрозување на јавната безбедност, и во одредени случаи, доколку станува збор за сериозно нарушување на социјалниот и економскиот живот, како што е предвидено со законот.“
Во овој случај, јавната безбедност не беше загрозена, бидејќи повеќето демонстранти беа обични луѓе со нивните семејства, лути на владата и разочарани од политиките кои ги доведоа до сиромаштија. На власта и беше потребен резервен план Б – а тоа беше напад и вжештување на веќе жешката атмосфера.
Амнести Интернешнал објави соопштение за печат за употребата на хемикалии на улиците на Атина на 29 јуни. Грчкото медицинско здружение за заштита на околината и борба притив нуклеарни и биохемиски опасности во своето соопштение за печат наведе дека солзавецот кој моментално се користи од страна на полицијата е хемиско оружје и дека, во случај на војна, е забранет за користење против непријателот.
Покрај тешките услови, корисниците на Твитер кои учествуваа во протестите најдоа начин да ги пратат нивните пораки до светот со помош на хаштагови „#Syntagma“ и „#29jgr“.
Подолу се наведени некои примери од фантастичната работа која беше завршена преку Твитер.
@TheLiveProject (ThePressProject.net):
Војна со хемиско оружје на Синтагма, ден 2. Огромни количини солзавец. Демонстрантите беа поблиску до бариерата отколку што и се допаѓаше на полицијата.
@northaura (spyros gkelis):
итно, очајнички повик до лекарите итно да одат на #syntagma ве молам објавувајте го ова, има повредени луѓе, а спасувачкиот тим не може да постигне сам #29jgr
@thesspirit (Софија Тхеспирит):
thesspirit Софија Тхеспирит
Полицијата директно нѐ нападна. Трчавме, видов како еден човек плука крв, а тројца се онесвестија на три чекори од мене. Многу е лошо. #Syntagma
Денес слушнав на полициското радио како полицијата добива јасни наредби да се тргне од улиците, а само неколку минути подоцна полицијата ги растеруваше луѓето со хемикалии.
#syntagma плоштадот e бомбардиран со светлосни ракети и гасни бомби веќе 12 часа #greekdemo #greekrevolution Ве молам објавете го ова за да види светот што се случува.
На следното видео објавено на ЈуТјуб од корисникот RealDemocracyGr се гледа, меѓу другото, како еден демонстрант му вели на полицаецот да го напушти плоштадот, и да не го удира – додека полицаецот го удира со полициска палка:
Она што останува за Грците, после сето ова, е да се запрашаат каков политички систем има нивната држава, бидејќи јавниот обвинител сѐ уште не реагира на екстремното насилство од страна на полицијата за време на протестите во текот на овие два дена, вторник, 28 јуни и среда, 29 јуни. Ова е јасно изразено во следните објави на Твитер:
@frantzisp (Панајотис Францис):
Oна што се случува во центарот на Атина може да се опише како: прогласување на воена состојба со укинување на правото за собирање и слобода. #Syntagma
Το μόνο Συνταγματικό αυτή τη στιγμή στην Αθηνα είναι η πλατεία Συντάγματος. Τα υπόλοιπα έχουν καταληθει. Να παρέμβει τώρα ο Πρωθυπουργος
@spdd (Ставрос Пападакис):
εμείς γεννήσαμε τη δημοκρατία, εμείς τη σκοτώσαμε! Τουλάχιστον έχουμε το know-how!”
Владата која е избрана од народот а фрла тони солзавец на истиот народ едноставно не е демократска влада. Тоа е владеачки режим!#j29gr #syntagma