Кешуачака, последниот мост на Инките кој ги поврзува луѓето до ден денес

Фотографија од „Рутахса адвенчрс“ www.rutahsa.com – објавена од Ленард Г. на Википедија со дозвола (CC BY-SA 1.0).

Во времето на Царството на Инките, познато како Тавантисују, античките Перуанци имале развиено широка мрежа на патишта и мостови за луѓето ширум територијата да можат меѓусебно да комуницираат.

Од сите мостови кои постоеле во минатото, единствениот кој се спротивставил на забот на времето е мостот Кешуачака (буквално: „мост од јажиња“ на кечуански јазик) кој се протега над реката Апуримак во провинцијата Канас, која се наоѓа во регионот Куско.

Кешуачака, последниот мост на Инките.

Мостот Кешуачака се прави од тревата ичу која претставува ендемски вид на Андите. Локалното население ја негува оваа традиција на зачувување на античката технологија повеќе од 500 години. Секоја година во јуни, локалното население од Хуинчири, Чаупибанда, Чокајхуа и Колана Кехуе се собира за една ритуална церемонија на обновување на мостот со истите сирови материјали и техники кои се користеле во времето на Инките.

Во 2013 година, знаењето, вештините и ритуалите поврзани со годишното обновување на мостот Кешуачака беа запишани во Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Според описот:

[Las comunidades] consideran que este trabajo en común no es solamente un medio para mantener en buen estado una vía de comunicación, sino que es también una forma de estrechar los lazos sociales que existen entre ellas. El puente se considera un símbolo sagrado del vínculo que une a las comunidades con la naturaleza y con su historia y tradiciones […].

[Луѓето] го гледаат како средство за зајакнување на нивните општествени врски а не едноставно како рута за транспорт. Мостот се смета како свето изразување на врската на луѓето со природата, традицијата и историјата […]

Обнова на мост и ревитализација на традиција

Ритуалот на обновување трае три дена, секој од нив со точно определени активности. Првиот ден започнува со принесување жртва на заштитникот Апу. Потоа се собира материјалот за мостот и се витка во тенки снопчиња. Во попладневните часови, луѓето го собираат целиот материјал на едно место и ги виткаат тенките снопчиња во дебели јажиња – четири за подот на мостот и две за оградата.

Потоа главните јажиња ги протегаат над реката. За време на вториот ден, тие се прицврстуваат на секој крај, а старите јажиња се оставаат да паднат.

Третиот ден, чакахуракот (инженер од редот на Инките) го плете мостот за да овозможи површина по која може да се чекори и да се стабилизира оградата со тоа што ја поврзува со основата.

Официјалното отворање на мостот се случува последниот ден кое е пропратено со традиционална музика и танци од таа област.

 

Поминување преку Кешуачака, последниот мост на Инките во Перу.

Еден корисник на „Твитер“ објави видео од „Ејџеј +“ кое го прикажува плетењето на мостот:

И по толку векови, висечкиот мост Кешуачака е сплетен уште еднаш. Можеме да научиме колективно да ја постигнеме убавината на Инките.

И на „Инстаграм“ има фотографии од корисници кои го поминаа мостот:

#cuzco #Q’eswachaka en construcción.

Una publicación compartida de Kenneth Figuerola Duthurburu (@kenneth_figuerola) el

#cuzco #Q’eswachaka… ahora toca cruzar.

Una publicación compartida de Kenneth Figuerola Duthurburu (@kenneth_figuerola) el

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.