Куба: Кого ќе поддржи Папата?

Во 2:00 попладне на 26 март, Папата Бенедикт XVI пристигна во Сантијаго де Куба, со што ова е втора посета на врховен свештеник на Католичката црква на Карипските острови во 14 години.

За неколку денови, областа околу главниот Плоштад на револуцијата (Plaza de la Revolución) беше преполна со градежници, инженери, безбедносни офицери, туристи и љубопитни локални мештани. Во центарот на плоштадот наспроти ликовите на guerrilleros (герилците), Камило Кенфуегос и Ернесто Че Гевара, крај споменикот на националниот апостол, Хозе Марти, се наоѓа подиумот од кој ќе се обрати Папата на неговите парохијани во среда на 28 март.

Покрај толку многу активности, распоредувањето на полицијата е навистина забележително, посебно за општество кое не е навикнато на толкава полициска присутност. Каде што порано имаше само една униформа, сега има три, а во соседните места и области кои се сметаат за проблематични има специјални полициски службеници, улиците се преполни со автомобили како никогаш досега.

Папата во Куба, фотографија на Исмаел Серано. Фотографијата е повторно објавена со дозвола на Cubadebate.

Со пристигнувањето на Неговата Светост, сите се однесуваат пристојно. Лидерите на земјата се жалат на заедничката основа меѓу марксизмот и христијанството и бараат од своето население да му укаже почит и топло добредојде на Бенедикт XVI. Во меѓувреме дел од Кубанските дисиденти ги бараат своите политички права.

Интернетот, посебно Твитер, стана бојно поле меѓу Кубанските дисиденти и владините поддржувачи. Моментално и двете страни ги користат постојано следниве означувања #papacuba (Папа Куба) и #benedictocuba (Бенедикт Куба) за да ја пренесат својата порака на пошироката публика.

Мнозинството од корисниците го поздравија доаѓањето на Папата:

@lisinamibia: #BenedictoCuba ya esta(sic) al pisar tierra cubana, la alegría es grande en el pueblo de Cuba, bienvenido su santidad.

@lisinamibia: #БенедиктКуба стапна на Кубанска почва, голема радост во Куба, добредојде Неговата Светост.

@juliob14: En #Cuba no encontrarán niños mendigando en la calle. Todos estudian gratuitamente. Ese es mi país. #BenedictoCuba

@juliob14: Во #Куба нема да видите деца како просат на улиците. Сите учат бесплатно. Ова е мојата земја.

@Laguantanamera: Te espera un pueblo honesto, honrado, trabajador!!! #BenedictoCuba

@Laguantanamera: Чесни и вредни луѓе те чекаат на ова место!!! #БенедиктКуба.

Многу од оние кои го поддржија хаштагот #ПапаКуба повторно го објавија следниов твит на @yoanisanchez:

#cuba Muchos impedidos de salir de sus casas, otros arrestados en calabozos policiales, teléfonos cortados, advertencias hechas #PapaCuba

#Куба Многу беа спречени да ги напуштат своите домови, други приведени во полициските келии, исклучени телефонски линии и упатени предупредувања.  #ПапаКуба

@mijailbonito: Cubavisión Internacional intenta vincular pensamiento de #PapaCuba con pensamiento de la “revolución” #cuba

@mijailbonito: Cubavisión Internacional се обидува да ги поврзе идеите на #ПапаКуба со оние на „револуцијата“ #Куба

@diariodecuba: pésima realización televisiva. Miles de personas en la carretera hasta Santiago. ¿Cuánto ha costado esa movilización? #PapaCuba

@diariodecuba: ужасна телевизиска продукција. Илјадници луѓе на улиците на Сантијаго. Колку чинеше оваа мобилизација? #ПапаКуба

Досега, покрај претходните изјави на Папата тој не поддржа ниту една страна. Она што е неспорно е дека без некоја намера Твитер е домаќин на висока политичка атмосфера во која секој гест ќе биде анализиран од другата страна.

Илјадници луѓе ќе се соберат на улиците на Хавана за да му посакаат добредојде на Бенедикт XVI, кој ќе богослужи во среда на 28 март.

Што е следно? Треба да почекаме па да видиме.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.