Mудрости и хумор што може да се најдат на задниот дел на непалските камиони

This truck carries the message: If you want to pluck a flower, don’t lop off the branch; if you want to lead a life, don’t deceive [anyone]. Image by Flickr user Jana Reifegerste. CC BY-SA 2.0

Овој камион ја носи пораката: „Ако сакате да скинете цвеќе, не откорнувајте го сосе гранката; ако сакате да водите живот, не залажувајте [никого].“ Фотографија на корисникот на „Фликр“ Јана Реифегерсте. CC BY-SA 2.0

Следниот пат кога ќе бидете во Непал, можеби ќе забележите нешто посебно за тамошните камиони. Како и во Пакистан, непалските камиони носат чудни, духовити пораки, стихови и афоризми во контекстуална сатира.

Пораките се движат од теми поврзани со политика и филозофија до љубов, хумор, па дури и пцости. Овие денови, тие не се ограничени само на камиони, туку се појавуваат и на јавните автобуси и „Сафа Темпо“ (електричен „тук-тук“).

Во Непал има неколку иницијативи за да се состават овие изрази. Според колумнистот ЦП Арјал, списанието „Автобуска литература“, започна со работа пред неколку години, во обид да се признае книжевната вредност на стиховите насликани на задните делови на возилата. Новинарот и учител, Судид Гурагаин, во 2011 годин објави компилација од 700 такви пораки насловена како „Камионска литература“. Аријал пишува:

What drives people to scrawl these lines on their vehicles? And why do so many do it? Govinda Lamsal, who drives a truck, says that in a line of work that is so mechanical, these words or images are a way of showing some creative flair and personal philosophy. “People perceive us as hardened folk without emotions,” he says. “Well, we have feelings too, and this is usually our only means of showing them while on the road.”

“Што ги тера луѓето да ги исцртаат овие пораки на нивните возила? И зошто толку многу го прават тоа? Говинда Ламсал, кој е возач на камион, вели дека самата работа е толку механичка и овие зборови или слики се начин да покажат некој креативен талент и лична филозофија. „Луѓето нè гледаат како ладни луѓе без емоции“, вели тој. „Па, и ние имаме чувства, и ги прикажуваме на таков начин додека сме на пат.“

Друштвените медиуми се преполни со примери од овие стихови. Овој камион носи порака која ги споменува „Фејсбук“ и „Твитер“:

Ако не можете да имате „Фејсбук“, префрлете се на „Твитер“;
Ако не можете да освоите девојка, направете да биде (ваша) сестра”.

Многу пораки се однесуваат на разочараност во љубовта и не можат да престанат да зборуваат за снашките:

Без разлика дали е угоре или удолу, се надевам дека на ридот е куќата на сватовите; Без разлика дали е мрачна или бела, се надевам дека има снашка во куќата на сватовите.

И тие не ги поштедуваат ни политиката во земјата ни политичарите:

Во Америка, младите ја водат земјата;
Старите добиваат пензија.
Во Непал, старите владеат со земјата;
Младите добиваат тензија.

Некои пораки имаат филозофски призвук:
This truck is conveying the message: Don’t lose your cool in sorrow, Don’t cross your limit in happiness. Image by Prabin Gurung. Used with permission.

Овој камион ја пренесува пораката: „Немој да не останеш смирен во тага; Не преминувај преку сите граници кога те следи среќа.” Фотографија од Прабин Гурунг. Се користи со дозвола.Оваа е слична:

Троши пари за чест,
Не троши си ја честа за пари.

Другите пораки зборуваат за живототите на возачите и за тешкотиите со кои се соочуваат:

Храна за бебе, бисквити и торта- заработена мачна;
Живот на возач, врти волан па рачна.

Некои пораки се сатирични, како оваа насочена кон оние кои не можат да престанат да зборуваат за Непал како родно место на Буда:

Околу се простираат ридовите, во средината има езеро;
Во земјата каде што е роден Буда во изоблиство има и недостиг на мудрост.”

А ова е порака за нестрпливите возачи:

Ве молам не користете ја сирената,
Мојата земја спие.

Aко размислувате за долго возење на непалски автопат, овие кратки пораки сигурно ќе ви ја разбијат монотонијата на вашето патување и ќе ви донесат насмевка на вашето лице.

Претходна верзија од оваа приказна неточно укажа дека пакистанските камиони немаат пораки насликани на нив.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.