Гватемала: Дали Антигва беше инспирацијата за „Малиот принц“

Дрво Цеиба, национално дрво на Гватемала

Фотографија од дрвото Цеиба, снимена од Сутонхо и користена под Криејтив комонс лиценца

За релативно мала држава, прекрасната околина на Гватемала може да ја разбуди фантазијата на секој. Од 37те вулкани [es] кои изникнуваат од пределите на мистичното езеро Атитлан, тоа е земја која привлече интелектуалци од полето на уметноста и културата, кои можеби биле намамени во оваа магична земја. Посетители како што се Симон де Бовоар, Луј Арагон, Пабло Неруда, Че Гевара, дури и Алдус Хаксли ја посетија земјата на дрвата Цеиба и розите. Уште еден автор, Антоан де Сент Егзипери, кој е најпознат по неговата книга „Малиот принц“, исто така случајно ја посети Гватемала, а ова води до прашањето: Дали Антигва, Гватемала беше неговата муза за пишувањето на Астероид Б-612?

Бонжур Гвате [es], блог посветен на франкофонијата, ни го кажува почетокот на оваа приказна:

Антоан де Сент-Егзипери ја посети Гватемала случајно. Тој имаше авионска несреќа во Гватемала, неговиот авион беше уништен и тој беше сериозно повреден.

Потоа Бонжур Гвате продолжува:

Има многу теории за местата кои го инспирирале де Сент Егзипери за да го напише „Малиот принц“: една е дека Астероид Б-162, домот на Малиот принц, е Антигва Гватемала, каде тој помина време додека заздравуваше од неговата несреќа.

Енчил, блогер од Гватемала кој ужива во „Малиот принц“, ги истражува теориите за поврзаноста на Антигва Гватемала, градот на розите, велејќи дека тој била музата на Антоан [es]:

Тоа е само претпоставка да се каже што беше? Кој знае? Но, вистината е дека има детали од астероидот кои се поклопуваат со Антигва, на пример: Астероидот имаше два активни вулкани и еден неактивен. На кои други места патувал Егзипери, освен Антигва Гватемала, каде има два неактивни вулкани (Вода и Акатенанго) и еден активен (Огнениот вулкан)?

Блогерот Џорџ Палмери има друга теорија, тој ја сретнал неговата вдовица во 1972, Консуело Сунчин, и тој тврди дека таа е неговата роза:

Консуело беше мала жена, која кокетирала и била екстремно дарежлива кон своите љубовници. Меѓутоа, и покрај нејзините човекови мани, никој не може да негира дека таа беше музата за Малиот принц. Нејзините поддржувачи тврдат дека вулканот од малиот астероид е метафора со која се исмејува нејзината земја, Ел Салвадор. Тој можеби бил инспириран од неактивниот вулкан Изалко и напишал за домот на малиот принц, Астероид Б-612 каде тој се грижеше за розата.

Можеби ова е точна теорија, бидејќи еднаш де Сент Егзипери рече: „Повторно се повикав на очите на мојата жена. Никогаш нема да гледам нешто друго освен тие очи. Тие прашуваат.“

Еден гватемалски блогер, кој живее и работи во Африка, Десде Киншаша [es], кажува кратка приказна за Баобаб, познатото дрво од книгата, парадоксно слично со Цеиба, националното дрво на Гватемала. Пред да дојде дома, таа беше многу тажна бидејќи не го видела Баобаб, но на крајот таа виде едно:

Се свртев на десно, на лево и видов многу од нив. На последниот ден од мај во Киншаша, сфатив дека Баобаб од секогаш било таму и дека тоа било Цеиба, а на крајот, не беше далеку од дома.

Антоан де Сент Егзипери, познатиот француски писател на „Малиот принц“, оној кој еднаш рече: „Само со срцето може да се гледа правилно; она што е значајно е невидливо за очите“, ги виде нашите вулкани, ги мирисна нашите рози и живееше со нашите луѓе пред да го напише неговото ремек дело. Тој ги одеше улиците на Антигва, сакаше девојка од Централна Америка и помина време цртајќи додека заздравуваше од авионската несреќа. Од тука, тој отиде во Њујорк со многу инспирација. Без разлика дали Гватемала беше вистинската инспирација, некои несреќни и случајни средби со странци имаат среќен крај, како книгата која ја држам во моите раце.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.