Овој напис е дел од нашата посебна репортажа Европа во криза.
Цела Грција утрово беше шокирана од веста дека Димитрис Кристулас, на возраст од 77 год., се застрелал во глава околу 9ч. наутро пред очите на сите минувачи на Синтагма плоштадот, Атина, спроти зградата на Собранието.
Господинот е наводно пензиониран фармацевт кој ја продал својата аптека во 1994 година. Пред истрелот, тој наводно извикал „не сакам да оставам никакви долгови на децата“.
Настан на Фејсбук повикува на собир денес вечер на плоштадот Синтагма: „Сите на Синтагма. Да не се навикнуваме на смрт“.
Авторот на Глобал Војсис, Астерис Масурас, направи колекција од написи и медиуми на Сторифај.
Грчкиот Твитер ѕуни цел ден од измешани коментари и реакции за овој трагичен настан:
@YanniKouts: Самоубиство на 77 годишен маж утрово на плоштадот Синтагма шокира. #Greece: „Тој е единствениот начин за достоен крај, не можам да јадам од контејнер.“
Корисникот Аркоудос посака желба за сите запоставени:
@arkoudos: Μακάρι να μη φύγεις. Μακάρι να μείνεις, να παλέψεις. Κι άλλο. Μακάρι.Μακάρι να μη ντρέπεσαι. Μακάρι να ντραπούμε, πρώτα, εμείς.
Корисникот Магика го истакнува срамот кој двете страни го делат за овој контраверзен проблем:
@magicasland: ειναι ντροπή αυτο που κανει το κράτος στο λαό του. αλλά ειναι και ντροπή να αυτοκτονείς ενω επιβίωσε με πεισμα τόσος κοσμος επι κατοχής
Онлајн дебатата прерасна во политичка, покрај нејзината неспорна хуманитарна страна. Новинарот Арис Чаџистефано направи паралела со самоубиството на Буазизи во Тунис:
@xstefanou: Η Ελλάδα έχει το δικό της Μπουαζίζι. Πρέπει να δείξει αν έχει και λαό ισάξιο της Τυνησίας και της Αιγύπτου η μόνο ψηφοφόρους ΠΑΣΟΚ -ΝΔ-ΛΑΟΣ.
Корисникот Еликас бара правда:
@Elikas: Κάποια στιγμή πρέπει να δικαστούν και οι ηθικοί αυτουργοί για όλες αυτές τις αυτοκτονίες. Που στην πραγματικότητα είναι δολοφονίες.
Корисникот Сара Фирт ги критикува европските методи за спас на Грција:
@SaraFirth_RT: (Болните) методи на Европа за „спас на Грција“ сега буквално го убиваат грчкиот народ. Самоубиството на Синтагма никогаш не требаше да се случи. #greece
Вестите на Атина известуваат за проштално писмо најдено кај жртвата, каде наводно тој ги споредува сегашната грчка влада со колаборационистите за време на војната:
Владата Цолакоглу ги уништи сите траги за моето преживување. Кога не можам да најдам правда, не можам да изнајдам други начини да реагирам освен да си ставам достоен крај на својот живот, пред да почнам да барам храна по ѓубрето.
Ѓеоргиос Цолакоглу беше грчки воен офицер кој стана првиот премиер на Грчката колаборационистичка влада за време на окупацијата на Силите на Оската во 1941-1942 година. Поврзувањето е очигледно видено како споредба меѓу владата за време на војната и моменталната влада на Лукас Пападемос.
Корисникот ПенелопеД10, потсмевајќи му се на градоначалникот на Атина, Ѓиоргос Каминис, за неговата одлука минатото лето, да ги протера демонстрантите со шатори од плоштадот Синтагма, зашто било лоша слика за туристите во Атина, иронично вели:
@PenelopeD10: Μη βγάλει κι άλλο φιρμάνι ο Καμίνης “απαγορεύονται οι αυτοκτονίες στο κέντρο γιατί βλάπτουν τον τουρισμό”…
Исто така, многумина обвинија некои луѓе дека се обидоа политички да искористат и злоупотребат човечка смрт за политички или лични интереси:
@dianalizia: беобразни! караџаферис ја зграби можноста да го искористи самоубиството од утрово за да ги критикува корумпираните политичари и системот (од кој и тој е дел)
@mindstripper: Οι δημοσιογράφοι πανηγυρίζουν, οι πολιτικοί παπαγαλίζουν κι εμείς στις εκλογές θα κάψουμε γι άλλη μία φορά τη χώρα. Καλό ταξίδι στον άνθρωπο
Настрана од политичка интерпретација и експлоатација на овој трагичен инцидент, корисникот Серк01 потсетува на едноставната вистина за човечкото постоење:
@serk01: κανε ενα βήμα ‘πισω’ και σκέψου τι σημαίνει να αυτοκτονεί ενας ανθρωπος.
Овој напис е дел од нашата посебна репортажа Европа во Криза.