- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сирија: Протестирање за иднината на децата

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Младина, Политика, Протест, Хуманитарен одговор, Човекови права

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија во 2011 година. [1]

Најмладите жртви на Сирија зборуваат во неколку болни видеа кои се наоѓаат на Јутјуб, раскажувајќи за хоророт со кој тие и членовите на нивните фамилии се соочиле во деновите и ноќите за време на револуцијата во нивната земја против режимот на Башар Ал Асад. Денешните петочни протести се посветени на сириските деца и нивната иднина.

На Твитер, @СирискаРеволуција пишува [2]:

Дури ни децата во #Сирија не се плашат#од тенковите на Башар. Потребно е повеќе од храброст или смелост за да се направи такво нешто… http://fb.me/12T47y0Ml

Линкот од видеото [3], од fnnsyria, прикажува како деца во Банијас стојат пред вооружени возила, а во позадина се слушаат пукотници:

http://www.youtube.com/watch?v=taeS_UX_PsY [3]

Ова видео [4], закачено од Syriaandsyria, прикажува деца како зборуваат за нивните трагедии и страдања за време на револуцијата. Достапни се преводи на англиски:

Во ова видео [5], од kurdishsyrian, се гледаат многу деца како во протести извикуваат: “Сирија! Слобода!”  Тие исто така бараат од Сиријците да застанат зад нив и да протестираат против режимот на Асад:

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија во 2011 година. [1]