- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јужна Африка: Мистер геј на светот за 2010 е јужно-африкански блогер

Категории: Супсахарска Африка, Јужна Африка, Граѓански медиуми, Уметност и култура, Хомосексуални права (ЛГБТ)

Mr Gay World 2010Последно крунисаниот победник на изборот Мистер на светот 2010 [1] е Чарл Ван Ден Берг , 28-годишен менаџер на ресторан и блогер од Јужна Африка.

Чарл ги победи натпреварувачите од Австралија, Хонг Конг, Шпанијаи Кина и ја освои ветената титула и стана вториот светски геј амбасадор, следбеник на Макс Крзизановски од Ирска. Целта на овој натпревар е да се пронајде водач кој ќе ја превземе одговорноста и ќе зборува за човековите права и еднаквости насекаде во светот. На почетокот на овој месец АФП објавија: [2]

OСЛО — “Јужно-африканец победи на изборот за Мистер геј на светот 2010, победувајќи ги ривалите од Австралија, Хонг Конг, Кина и Шпанија”- изјавија организаторите во неделата.

Чарл Ван Ден Берг (28) кој држи ресторан во Кејп Таун , победи по 4 дена натпреварување, кое заврши со крајното излегување на пистата во еден клуб во Осло,  на кое тој беше облечен во тесен костим за капење и други разни костими.

Целта на натпреварот е “потрага по водач кој ќе може даја преземе одговорноста да биде гласноговорник на заедницата и кој ќе може  на светската сцена да зборува за еднаквоста  и за човековите права ” -пишува во една изјава.

После победата, Чарл изјави дека е подготвен да ја претставува геј заедницата на соодветен начин и побара од светот да научи како да ги сака луѓето кои се поинакви:

Најпрво, мојата желба е да ја претставувам геј заедницата на соодветен начин, но истовремено и да им покажам на луѓето дека во ред е да се сака некој што е различен од тебе. Не треба да се концентрираме на разликите, туку на тоа што те прави целина, еднаков со другите.

На својот блог тој го покажа својот патриотизам со тоа што се заблагодари на заедниците и на Нелсон Мендела, неговите спонзори и поддржувачи кои му ја овозможија оваа победа. Со тоа што е единствениот претставник од Африка на овој натпревар, тој пред себе има огромна задача бидејќи многу држави во Африка одбиваат да ја признаат хомосексуалноста.

Во Африка, хомосексуалноста е целосно призната само во држави како што се Јужна Африка, Руанда (од неодамна), Мадагаскар, Република Конго, Габон, Екваторска Гвинеа, Чад, Централна Африканска Република, Гвинеа-Бисау, Кот Д Ивоар, Капе Верде и Бенин.

Ах! Какво извонредно искуство во овие две недели. Сакам на сите лично да ви се заблагодарам што ме поддржавте во моите напори и во намерата да ја претставувам ЈужнаАфрика на светската сцена. Моите колеги натпреварувачи беа одлични и во значајна мера ме научија за разноликоста, културните несреќи и предизвици со кои се соочува ЛБГТ заедницата. Ова ми помогна да си ги зацртам моите цели за време на моето владеење како светски говорник и амбасадор.

Првите денови кога се вратив дома ми помогнаа да ја сфатам сериозноста и големината на задачите кои ги имам пред себе, а тоа претставува торнадо од настани и интервјуа. Како и да е, најмногу поддршка добив од заедниците во рамките на Јужна Африка, и тоа ме направи горд што сум дел од нацијата на виножитото што господинот Мандела ја предвиде пред 4 декади. Горд сум што сум јужно-африканец и ги прифаќам разновидноста, потенцијалите и перспективите  кои ми ги нуди државата за време на Светското првенство во фудбал ФИФА 2010.

По враќањето од моето прво патување во странство, мора да оддадам признание за работата и напорот на локалниот комитет на господин Геј СА  кои беа клучен сегмент и помогнаа овој настан и моето претставување во Осло да се случат. Исто така, спонзорите и поддржувачите на овој настан овозможија тој да се споредува со други слични големи натпревари.

Чарл Ван Ден Берг вели дека има пораки и чувство за социјална одговорност кои сака да ги пренесе  на оние со кои контактира во неговата заедница.

Не е се така розово во Јужна Африка и покрај тоа што е првата држава во Африка што го легализираше геј бракот и која во својот устав има пропишани поволности кои и одговараат на геј заедницата. Тој сака да се бори против предрасудите со кои се соочуваат хомосексуалците, хомофобијата, СИДАТА и слични теми со кои  се соочува ЛГБТ заедницата:

Да, да знам какво мислење имате за овие натпревари по убавина, дека сме нарциси и празноглави убавици кои само знаат да се шетаат наоколу во тесни костими за капење, работејќи предано за можноста да се стапне на пистата и да се биде во тој круг. Смешки! Верувајте ми не сум тука за да постигнам слава само поради тоа што сум фраер број еден во Јужна Африка. Јас навистина имам порака и чувство за социјална одговорност кои што би сакал да ги споделам. Оваа титула ќе ми даде голема можност да придонесам позитивно кон јужно-африканската геј заедница и со надеж дека тоа ќе се прошири и во цела Јужна Африка.

Иако сум свесен дека ние во Јужна Африка имаме устав кој е базиран на сексуална еднаквост, сметам дека нашата најголема пречка во оваа еднаквост не е тоа што го нарекуваме хетеросексуална предрасуда. Нашата најголема пречка до вистинска еднаквост е нашата сопствена предрасуда во рамките на геј заедницата.

Помеѓу контроверзиите  поради неговитепојавувања во геј филмовите, Pierre Le Roux [3] јужно-африкански блогер вели дека неговото минато не може да се определи тука, луѓето прават грешки и нему не треба поради тоа да му се суди, свесен е за своите грешки и се соочува со музиката на пристоен начин покажува дека е на пат да стане важен амбасадор:

Дали правењето на ова видео и неколкуте слики всушност го прават Чарл Ван Ден Берг искусна порно ѕвезда? Не би рекол! Секако, тој беше осудуван поради своите лапсуси, но секој греши, нели?  Фактот што тој се промени и се соочи со музиката на пристоен начин, кажува многу за неговиот карактер. Па дали мислам дека тој е погоден да биде амбасадор за меѓународната геј заедница? Да, сметам дека е така. ГЛБТ заедницата не е без маани како што не е ни Јужна Африка.Дури и нашиот претседател беше вмешан во секс скандали во кои се вмешани и вонбрачни деца, што се чини дека е присутно насекаде, зошто тогаш да не бидеме горди на нашиот Мистер геј на светот  и покрај фактот што имал снимено еден мал перверзен филм.