Повеќе од една третина или повеќе од 186 милиони легални гласачи на претстојните индонезиски претседателски избори, за првпат на 9 јуни ќе го остварат своето гласачко право и оваа нова генерација на гласачи значајно ќе влијае на исходот од изборите.
Некои се многу млади за да го паметат бруталниот т.н. режим Нов ред [2], од времето на Suharto кој со Индонезија владееше 32 години, се дури не се повлече во 1998 година. Сепак, лидерите од тој период се обидуваат да се „вратат на престолот“ [3] на овие претседателски избори, трети по ред во историјата на земјата.
Не е изненадувачи што двајцата претседателски кандидати водат креативни онлајн кампањи [4] во обид да ги привлечат младите гласачи. Акцентот кој е ставен на Фејсбук и Твитер води кон тоа тие да бидат наречени „избори на социјалните медиуми“ и покажа дека индонезиската младина е поделена во поглед на нивниот избор.
Имајќи го ова на ум, EngageMedia го лансираше Suara Baru [5] (Нови гласови), кој ги кани младите филмски продуценти, активисти, граѓански новинари да креираат видео приказни со цел да се разбере перспективата на младината на изборите, кандидатите и конечно нивните надежи и аспирациите за земјата.
Видеата, кои нудат преводи на англиски, се презентираат на онлајн и офлајн канали за да и се даде моќ на младината и да се охрабри на дискусија за теми и програми поттикнати за време на изборите. Кликнете на видеото за да го погледнете на сајтот на EngageMedia.