Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Младите луѓе може да имаат огромен удел на индонезиските избори. Па што мислат тие?

A young man writes a letter to the Indonesian president. Time and again, it's never replied to.

Писмо до Претседателот: Млад човек му пишува писмо на индонезискиот претседател.  

Повеќе од една третина или повеќе од 186 милиони легални гласачи на претстојните индонезиски претседателски избори, за првпат на 9 јуни ќе го остварат своето гласачко право и оваа нова генерација на гласачи значајно ќе влијае на исходот од изборите. 

Некои се многу млади за да го паметат бруталниот т.н. режим Нов ред, од времето на Suharto кој со Индонезија владееше 32 години, се дури не се повлече во 1998 година. Сепак, лидерите од тој период се обидуваат да се „вратат на престолот“ на овие претседателски избори, трети по ред во историјата на земјата.

Не е изненадувачи што двајцата претседателски кандидати водат креативни онлајн кампањи во обид да ги привлечат младите гласачи. Акцентот кој е ставен на Фејсбук и Твитер води кон тоа тие да бидат наречени „избори на социјалните медиуми“ и покажа дека индонезиската младина е поделена во поглед на нивниот избор. 

Имајќи го ова на ум, EngageMedia го лансираше Suara Baru (Нови гласови), кој ги кани младите филмски продуценти, активисти, граѓански новинари да креираат видео приказни со цел да се разбере перспективата на младината на изборите, кандидатите и конечно нивните надежи и аспирациите за земјата.

Видеата, кои нудат преводи на англиски, се презентираат на онлајн и офлајн канали за да и се даде моќ на младината и да се охрабри на дискусија за теми и програми поттикнати за време на изборите. Кликнете на видеото за да го погледнете на сајтот на EngageMedia.

Young people in Raja Ampat, West Papua want the next Indonesian president to deliver progress.

Надежите на Папуанската младина: Млади луѓе во Раја Ампат, Западна Папуа, сакаат идниот индонезиски претседател да донесе прогрес.

View from the Edge - A candid video exploring why some young Indonesians are not voting in the 2014 presidential elections.

Поглед од страна: Искрено видео кое објаснува зашто некои млади Индонезијци не гласаат на претстојните претседателски избори годинава.

Избори и конфликт: Зошто индонезиските претседателски избори ги претвораат младите пријатели во непријатели?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.