Бугарската влада даде оставка, но протестите продолжуваат

Во недела, на 24 февруари 2013 година, десетици илјади Бугари протестираа против корупцијата, високите сметки за комунални услуги и сиромаштијата. Крајбрежниот град Варна беше прогласен за седиште на протестите: околу 40.000 луѓе излегоа на собирот во недела. Околу 15.000 протестираа во Пловдив. Иако е тешко да се процени точниот број на демонстрантите од 24 февруари, извори на активистите велат дека имало повеќе од 200.000 луѓе низ целата земја.

Во Софија, можеше да се видат следните слогани: „Ајде да ги запалиме монополите!“; „Балканци, разбудете се! За вистинска демократија!“; „Крај на илузиите, граѓанска активност секој ден!“; „Ние, Бугарите, Турците, Ромите, Ерменците – ние сите сме #Бугарски граѓани! Мора да се спротивставиме на политичката манипулација!“

The Feb. 24 protest in Sofia. Photo by Ruslan Trad.

Протестот од 24 февруари во Софија. Фотографија од Руслан Трад.

На следниов линк се наоѓа видео снимка од протестот во Софија, снимена од авторот на оваа објава:

Протестот во Софија се совпадна со церемонијата за ракоположување на Неофит, новоизбраниот владика на Бугарската православна црква; градот беше парализиран, сепак, освен метрото, јавниот транспорт функционираше без проблеми. Неколку минути по официјалното ракоположување, патријархот Неофит вети дека ќе се моли за мир и единство на бугарскиот народ. Протестантите добро го примија овој гест на поддршка од патријархот, додека претседателот Росен Плевелиев, кој се обрати на толпата во Софија, беше исвиркан.

Демонстрантите им порачаа на политичките партии да не ги манипулираат и да не се вклучуваат во протестите. На масовниот собир во Велико Трново, тие дури избркаа некои политички претставници [видео]. Станислава Стефанова напиша:

Зарем не сфаќаат дека за нив нема место на народните протести???? Не е ли доволно јасно дека не ги сакаме???

По ненадејната оставка на владата на Бојко Борисов на 30 февруари, којашто се случи откако протестите станаа насилни, активисти од движењето на демонстрантите одржаа собир во градот Сливен и усвоија листа со барања: да не се распушти Парламентот; претседателот да назначи експерти за новата влада, наместо да одреди привремено раководство; да се изготви нацрт-закон за граѓанско учество, со кој ќе се предвиди граѓанска квота од 50% во сите институции; да се врати 51% од уделот на енергетскиот сектор на државата; да се затвори Бугарскиот енергетски холдинг БЕХ, поради исцрпување на енергетскиот сектор; да се повика Големото народно собрание и да се воспостави процедура за отповикување на пратениците.

Лада Димитрова напиша коментар на фотогалеријата од протестите на 24 февруари на страната “Saprotiva” („Отпор“):

Не ме засега кој ќе биде лидер, за мене важно е да живеам достоинствено!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.