- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ерменија: Стрејт во селото

Категории: Западна Европа, Централна Азија и Кавказ, Ерменија, Норвешка, Финска, Бегалци, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Жени и род, Младина, Развој, Уметност и култура

Со само $5,400 БДП по глава на жител во 2011 година, Ерменија е една од најсиромашните земји од поранешниот Советски Сојуз. Иако, развојот во центарот на главниот град Ереван можеби ќе ја прикаже земјата во друго светло на туристите, посебно на оние од пошироката дијаспора, економската состојба е најзабележлива во регионите на оваа јужно-кавказка земја без излез на море.

Со тоа што регионалниот развој е приоритет во Ерменија, онлајн страницата CivilNet [1] склучи партнерство со Тимоти Стрејт, еден од малкуте странци со постојано место на живеење во Ерменија. Патувајќи во различно село секоја недела, поранешниот лидер на Норвешкиот Совет за бегалци и почесен конзул на Норвешка и Финска, се надева дека ќе го промени тоа [2].

„Ние се обидуваме да собереме информации и да ги споделиме, за луѓето да можат да разберат каков е животот во селата во Ерменија“, објаснува во текст со промотивно видео за Թիմը գնում է գյուղ (Тим оди во селото), уште познато како Стрејт во селото.

Првата епизода беше пуштена онлајн на 20 септември минатата година и во неа се прикажуваат две села блиски до границата со Турција, чии приходи се базираат на производството на овошје.

Во последната објава на Јутјуб од 2 април со преводи на англиски и ерменски, Стрејт патува во сиромашното гратче Варденис во близина на езерото Севан. Целта на посетата е средба со локалната невладина организација која работи со деца со инвалидитет.

На 12 март програмата ја прослави дваесетата епизода со интервју со Стрејт [3] каде што тој „зборува за некои од приоритетите, објаснува зошто ја направил програмата и потенцијалните долготрајни ефекти на шоуто“.

Во 2010 година добил тутула витез од страна на кралот на Норвешка. Неговите залагања за регионалниот развој во Ерменија не се ограничени само на видео записи. Домашни рачни изработки [4], на пример, е волонтерска организација посветена на cоздавање одржлив приход за занаетчиите [5] во Ерменија.

[4]

Особено користејќи онлајн алатки, блог [6] како и Фејсбук [7] и Пинтерст [8] страниците исто така се користат за промовирање на иницијативата. Може да го следите Тимоти Стрејт на Твитер на @timothystraight [9].