Со само $5,400 БДП по глава на жител во 2011 година, Ерменија е една од најсиромашните земји од поранешниот Советски Сојуз. Иако, развојот во центарот на главниот град Ереван можеби ќе ја прикаже земјата во друго светло на туристите, посебно на оние од пошироката дијаспора, економската состојба е најзабележлива во регионите на оваа јужно-кавказка земја без излез на море.
Со тоа што регионалниот развој е приоритет во Ерменија, онлајн страницата CivilNet склучи партнерство со Тимоти Стрејт, еден од малкуте странци со постојано место на живеење во Ерменија. Патувајќи во различно село секоја недела, поранешниот лидер на Норвешкиот Совет за бегалци и почесен конзул на Норвешка и Финска, се надева дека ќе го промени тоа.
„Ние се обидуваме да собереме информации и да ги споделиме, за луѓето да можат да разберат каков е животот во селата во Ерменија“, објаснува во текст со промотивно видео за Թիմը գնում է գյուղ (Тим оди во селото), уште познато како Стрејт во селото.
Особено користејќи онлајн алатки, блог како и Фејсбук и Пинтерст страниците исто така се користат за промовирање на иницијативата. Може да го следите Тимоти Стрејт на Твитер на @timothystraight.