Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Порторико: Онлајн кампања против непотребна примена на царски рез

Непотреба примена на царски рез е името на кампањата започната на почетокот на март во Порторико, која има за цел да го намали веќе високиот процент на породувања со царски рез во земјата. Се смета дека голем дел од породувањата со царски рез не се извршени поради медицински причини.

woman with red fingernailed hands over pregnant belly
Слика од Еугенија Лучинин CCBY

Кампањата се фокусира на видео снимка со хип-хоп песна која инсистира мајките добро да се информираат пред да прифатат царски рез како потребна процедура. Според cтраницата на кампањата, речиси половина од бебињата родени во Порторико се родени со царски рез, при што бебето е извадено од стомакот на мајката со сечење на стомакот, наместо преку природен пат т.е. вагинално. Во многу случаи царскиот рез може да го спаси животот на мајката или детето ако настанат компликации, додека пак своеволно вршење на царски рез, за разлика од пораѓање по природен пат може да ги загрози животите на мајката и детето.

Во хип-хоп видео снимката на кампањата некои лекари се прикажани како да прават се по навика, а притоа ги занемаруваат здравствените ризици кога одлучуваат да ја породат мајката со царски рез, а со тоа ја забрзуваат целата постапка без да чекаат работите да се одвиваат природно. Кампањата дава предлог-решение, а тоа е се повеќе луѓе да се тренираат за бабици за да помагаат при породувањата по природен пат, притоа елиминирајќи ги сите непотребни хирушки зафати кои идната мајка ја претвараат во пациент.

El compromiso principal de inne-CESÁREA es, promover el apoderamiento de las mujeres puertorriqueñas para atender el serio problema de salud pública que representan la alta tasa de cesáreas y las intervenciones innecesarias durante el parto para la madre y el bebé, a través de una campaña de prevención validada, actualizada y atractiva sobre la humanización del parto.

Кампањата главно се залага да им помогне на порториканските жени да се соочат со сериозните и јавни здравствени проблеми кои се резултат на многубројните породувања со царски рез и други непотребни хирушки зафати врз мајката и бебето за време на породувањето, со помош на превентивна кампања која е атрактивна и модерна во врска со хуманизацијата на процесот на породување.

Правењето на видео снимка го покажува процесот кој собра повеќе од  50 луѓе за да го снимат видео записот за кампањата, вклучувајќи бремени жени, мајки, деца, родители, студенти, здравствени работници и други.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.