- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Најава за Прва женска хакерска вечер

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Жени и род, Технологија

Јованка Гулицоска информираше [1] на нејзиниот блог за претстојната Прва хакерска вечер за жени, закажана за среда, 13 јули, во хаклабот КИКА во Скопје (настан на Фејсбук [2]). Според официјалната најава [3], добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн.“