- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Унгарија: Отпуштања во јавните медиумски сервиси

Категории: Источна и Централна Европа, Унгарија, Владеење, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика, Работа, Слобода на говор

Унгарски спектар (Hungarian Spectrum) пишува на англиски [1] за отпуштањата на персоналот на три унгарски јавни медиумски сервиси: „Колку што сфаќам, двете телевизии [МТВ и Дуне ТВ] и Маџар радио вкупно имаат околу 3.500 вработени. Од она малку што се знае за плановите на Владата, веројатно околу 1.000 луѓе ќе бидат отпуштени до есен. […] Повторно изгледа дека овој неопходен финансиски чекор се користи за дополнителна промена на политичките бои на МТВ.“