Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Јемен во 2011 година. [1]
Твитерџиите се забавуваат хаштагот #ПричиниЗоштоСалехДоцни [2] додека го чекаат говорот на претседателот на Јемен, Али Абдула Салех, следејќи извештаи во кои се вели дека можеби е повреден кога Претседателската палата во Сана беше нападната претходно тој ден.
Tвитерџиите си играа со слични хаштагови [3] кога говорот на соборениот претседател Хосни Мубарак беше одложен- #ПричиниЗоштоМубаракДоцни
Ибн Адем напиша [4]:
#ПричиниЗоштоСалехДоцни е поради тоа што неговиот шминкер сеуште работи на неговите повреди на лицето.

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех. Слика од Американската влада, достапна во јавниот домен.
Maрва_Г_Х дава духовит одговор [6]:
Ќат [7]е стимулаторна дрога, од која многу луѓе во Јемен, особено на северот, се зависни. Истражувањата [8] покажуваат дека во Јемен, 80 проценти од мажите и 45 проценти од жените се корисници на ќат, кои го џвакаале ќат секојдневно долг период од нивните животи.
Во друга Твитер порака, таа пишува [9]:
#ПричинаЗоштоСалехДоцни е поради тоа што е мртов …. го чекаат неговиот двојник да пристигне #Јемен
Таа продолжува [10]:
@Логикер дава разумна причина велејќи [11]:
#ПричиниЗоштоСалехДоцни е имитирање на #Mубарак во вистинскиот живот и во рамките на хаштаговите на Твитер 😉
И додава [12]:
#ПричиниЗоштоСалехДоцни глуми дека е недостижен како и повеќето други#Aрапски диктатори.
Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Јемен во 2011 година [1].