Мексико: Учителка пее со учениците за време на пукање

Јутјуб видеото кое прикажува како учителка во детска градинка пее заедно со нејзините ученици за да ги задржи смирени за време на пукањето во Монтереј, Мексико, се рашири како вирус низ земјите во кои се зборува шпански.

Видеото снимено со мобилен телефон од страна на учителката прикажува училница полна со многу мали деца кои лежат на подот. Се слуша како учителката љубезно ги замолува нејзините ученици да ги држат главите на подот додека во позадина се слушаат пукотници. Таа ги убедува децата дека сѐ е во ред и дека ќе бидат безбедни во училницата, потсетувајќи ги да ги држат главите долу. За да им го одвлече вниманието, таа почнува да пее со нив. Таа ја одбира песната Дождовна капка од шоуто на Барни на шпански, во која се пее за тоа што би се случило доколку дождовните капки се направени од чоколадо и како би ја отвориле устата широко за да ги фатиме. Убедувајќи ги децата да ја пејат песната таа не само што успева да ги држи децата смирени туку исто така и да останат со главите на подот, предочувајќи им да се свртат и да погледнат кон небото со устите широко отворени.

Локалните медиуми го идентификуваа школото лоцирано во Колониа Нуева Естанцуела, само неколку метри подалеку од местото каде што вооружена група од седум комбиња пристигнале да убијат пет лица кај независна такси база, а учителката, чиј што идентитет е сеуште непознат е наречена херој и признаеана од медиумите и гледачите поради нејзината храброст, карактер и љубов кон нејзините штитеници.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.