Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Никарагва: Нов монопол во телекомот

Минатата недела Карлос Слим, најбогатиот жив човек, го купи најголемиот претплатнички ТВ провајдер во Никарагва. Таа компанија, ЕСТЕСА, веќе беше де факто монопол на пазарот, а сега е дел од телеком-империјата која ја гради Слим во Никарагва.

Во овој момент, Слим е сопственик на ЕНИТЕЛ, со брендот КЛАРО (Мобилен телефон), Турбонет (Безжичен интернет пристап), АМНЕТ (Бродбенд и дата трансфер), ЕНИТЕЛ (поранешна државна компанија која е сопственик на телефонски линии во државата) и ЕНТЕСА.

Меѓутоа, колку се поголеми толку побрзо паѓаат. Во последниве 10 дена, имаше неколку известувања за проблеми при пристап на Blogger.com доколку се пристапува преку Турбонет. Некои велат дека е технички проблем, како блогерот Раул Исак Суарез од Ел Еконосципио [es], кој верува дека е поради проблем со интернационалниот интернет провајдер со конекцијата во Гватемала. Некои се обидуваат да пристапат преку други места или како што прави Y ahora ¿de qué vamos a hablar? [es] со обиди да пристапи преку прокси.

Во виртуелен монопол на телеком, немањето можност да се изберат други провајдери може да биде навистина голем проблем кога единствениот конкурент на пазарот не успева да снабди. Некои корисници промовираат „подиректни“ начини за да им кажат на компаниите на Слим што тие сакаат.

Блогот на Рамон објаснува дека поголеми компании исто така значи дека вистинските проблеми може потешко да се решаваат.

… Cuando esta empresa comienza a brindar el servicio de Internet, en uno que otro lugar del país, hacen un mercadeo masivo que depués no saben que hacer con la demanda por que no dan a vasto, no actualizan las “centralitas” a tiempo, por supuesto que las personas optan por el servicio DSL por ser menos costoso que el inalámbrico, cuando pasa esto las personas quedan con su contrato en la mano y en espera a que algún día llegue el servicio, ahh y otra de las excusas es que nunca tienen modems además que tenes que esperar como tres meses si es que todo esta bien si no …….

… Кога оваа компанија ќе започне со нудење на своите интернет сервиси во земјата, ќе креира таква побарувачка што нема да биде во можност да постигне. Тие веќе имаат проблеми со инвентар во локалните канцеларии. Секако луѓето ќе го испробаат DSL сервисот бидејќи е поевтин, но тие ќе ги остават луѓето со договорот во раце, чекајќи ги своите конекции, а тие никогаш немаат доволно модеми, понекогаш оставајќи ве да чекате и по три месеци само за тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.