Јапонија: Блогерите за гозбата покрај кризата со храна, Г-8 преку Скајп?

Г-8 самитот во Тојако, Хокаидо [ја], заврши на 9 јули по три дена состаноци, оставајќи горчина за некои блогери во Јапонија. Со вкупни трошоци за организација и обезбедување доволни за да се третираат милиони ХИВ пациенти и со протести од илјадници фармери и активисти од целиот свет, настанот не помина без контроверзии.

Новиот Читосе аеродром

Г-8 Самит – новиот Читосе аеродром (од Фликер корисникот мујитра)

Многу блогери го поставуваа прашањето за високите трошоци на настанот, истакнувајќи колку не е наклонет кон животната околина. Блогерот гори, од друга страна, смета дека некои од резултатите од Г-8 самитот се позитивни:

何しろ討議する項目が山積しており、わずか3日間で各国のトップが話し合ってもなかなか纏まる話ではないと思うが、それでも「拉致問題」と言う文言が首脳 宣言に載ったり、ジンバブエの不当な大統領選挙問題等にも共同声明のなかで、批判される事は国際的な見地から見た正しい意見として当事国にプレッシャーを 与える事になり良いことだと思う。

Со таков куп на работи за дискутирање, лидерите на земјите може да разговараат, но немој да мислите дека тие може да дојдат до заклучок лесно. Само како гледиште од интернационална перспектива, вклучувањето на „прашањето за киднапирањата“ во изјавата на лидерите и осудата на нелегалните претседателски избори во Зимбабве во заедничка декларација, ги притисна засегнатите земји, а јас мислам дека ова е позитивна работа.

今回の重要なテーマである、室温効果ガス問題では2日目のG8の中で討議され、福田さんは長期目標を2050年までに50%削減を決めたい意向であった が、アメリカの提案では、「大量排出国(中国・インド・ブラジル等)抜きの討議は無意味だ」と言う意見で賛成が得られなかった様で、私も当然の事であると 思う。

Прашањето со карбон диоксид, што беше важна тема овој пат, беше дискутирана вториот ден од Г-8. Г. Фукуда се надеваше дека ќе креира долгорочна цел за намалување од 50% до 2050, но со сугестијата на САД дека „дискусии без земјите кои се големи CO2 производители (Кина, Индија, Бразил итн.) се бесмислени“ по се изгледа не успеал да добие одобрување од САД, што јас мислам дека е очигледно.

[…]

しかし、兎も角、削減努力に対する必要性は各国とも同じであるから3日目の会合こそ大量排出の当事国が、同じテーブルに就いて、話し合いが出来るスタートラインに揃ったところであると私は思うのである。

Но во секој случај, потребата од мерки за намалување е иста за секоја земја, па затоа мислам дека средбата на големите CO2 производители третиот ден, седењето на иста маса, ќе биде почетно место за започнување на дискусијата.

Г8 големи глави

Оксфам Г-8 големи глави на изведбата на Големи букви (од Фликер страницата на Оксфам)

Блогерот јг96акг, ја истакнува иронијата на вечерата на Г-8:

環境問題、地球温暖化対策、原油高騰、食料危機、北朝鮮の核問題などなど話し合われたようですが凡人の私にはどのような実効性が有るのか全く分かりません。

По се изгледа се дискутираа теми за еколошките проблеми, противмерки за глобалното затоплување, растењето на цената на нафтата, кризата со храна и нуклеарниот проблем со Северна Кореја, но како обичен човек немам идеја какви влијанија ќе има сево ова.

あるメディアが食料危機の会議場で山ほど盛られた食膳に、あんなご馳走を食べて食料危機に餓えている人間の気持ちが理解できるのかと批判していました。

Некои медиуми го критикуваа [состанокот], прашуваа дали тие [Г-8] ги разбрале чувствата на луѓето кои страдаат од глад додека се случуваше гозба на масите на конференцијата, каде се разговараше за кризата со храна.

各国を代表して出席しているのだからどんな贅沢な食事をしょうがどうでも良いことだが世界各国一人一人の命の尊厳が図られる形になって欲しいものです。

Тие учествуваат за да претставуваат својата земја, па затоа јас не се грижам какви луксузни јадења тие јадат, но се надевам дека ќе го направат ова на начин со кој ќе го почитуваат достоинството на секој човек во светот.

Мировен марш за Г8

Мировниот марш за Г-8 (од Фликер корисникот скасуга)

Блогерот мкј2 исто така пишува за гозбата на Г-8 и вели:

各国の首脳が食べるディナーの話題。
地元の食材をふんだんに使ったメニューでカニだのアスパラだのいいもの使ってまっせっつー。

Приказна за вечерата која ќе биде послужена за лидерите.
Ќе има многу локално произведени јадења на менито со добри работи како ракови и аспарагус.

[…]

別に食い物にいちゃもんつけてるわけじゃない。
食い物に始まり、警備だのなんだのに多額の血税が使われる。
それはいい。
世界のTOPが雁首そろえて諸問題を話し合うっていうんだから。

Јас не се жалам навистина за храната.
Од храна до обезбедување и што уште не, голема сума на даночни пари е потрошена.
Тоа само по себе е ОК.
Бидејќи лидерите од целиот свет се собираат и дискутираат различни теми.

ただ。
頼むよほんと。
これだけの金かけて、手間かけて、ガソリンが安くならない、食品の値段が下がらない、なんてことになったらどう責任取るんだ。

Но.
Ве молам, во име на господ.
Со толку многу пари и време вложено во тоа, ако цените на нафтата не се намалат и цените на храната не се намалат, како тие ќе преземат одговорност [за сето ова]?

Градот Тајоко од прозорец на хотелот Виндсор

Тајоко од прозорец од хотелот Виндсор (каде се одржуваа состаноците од Г-8 самитот, од Фликер корисникот веројама)

За крај, блогерот фокпактсуен дава необичен предлог:

四国や九州からの警察の動員2万人余。……で地球温暖化が主要議題、ならこのサミット開催こそ「地球に優しくない」のが事実。もう国連活動に収斂されてい いのでは? テロ襲撃が危険視されるなら各国首脳が一同に介せずSkypeで会議すれば良し。会場からほど遠き農牧地帯で120名のサミット反対デモにデ モ参加者上回る数の警官が防備。異常。

Преку 20 000 полицајци беа мобилизирани од Шикоку до Кјуши… и глобалното затоплување како главна тема, додека факт е дека самото одржување на самитот е неповолно кон животната околината. Нели можат да ги конвергираат со активностите на ОН? Доколку се плашат од терористички напад, тогаш наместо да се соберат сите државни лидери, подобро е да имаат состанок преку Скајп. Бројот на полицајци беше поголем од 120 протестанти во демонстрациите против самитот, кој што се случи во руралните области далеку од самитот. Тоа е апсурдно.

За повеќе фотографии од протестите за Г-8 погледнете го профилот на Фликер корисникот Повлес.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.