Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Собирот „Розева Точка“ за ЛГБТ правата во Сингапур најголем досега и покрај противниците од #НосетеБело

'Ние сме семејство' од Конг Чек Јонг. Фотографија од Фејсбук страницата на Розева Точка Сингапур

„Ние сме семејство“ од Конг Чек Јонг. Фотографија од Фејсбук страницата на Розева Точка Сингапур

Сингапурската Розева Точка, годишен собир во Хонг Лим паркот за прослава на љубовта, еднаквоста и ЛГБТ правата, привлече повеќе од 26,000 луѓе на 28 јуни, 2014 — досега најмасовниот настан на Розева Точка од првиот во 2009.

Но, оваа година за првпат имаше и религиозни групи кои отворено и активно се спротивставија на Розевата Точка убедувајќи ги луѓето да носат бела облека на истиот ден.

Исламскиот едукатор Ноор Дерос ја иницираше кампањата #НосиБело да ги обедини Муслиманите против хомосексуалноста. Потоа, влијателниот пастор Лоренс Конг на Верската заедница на Баптистичката црква јавно ја подржа кампањата и организираше „семејна служба“ исто така на 28 јуни, која беше посетена од околу 6.400 луѓе.

ЛГБТ заедницата е во значаен пораст последниве години во Сингапур, иако нејзината маргинализација се уште се рефлектира во законите на оваа земја, како озлогласениот член 377A на Кривичниот законик, кој го криминализира геј сексот.

Aerial shot of the Pink Dot gathering at Hong Lim Park. Photo by Valerie Chu. From the Facebook page of Pink Dot SG.

Воздушна фотографија на собирот Розева Точка во Хонг Лим Паркот. Фотографија од Валери Чу. Од Фејсбук страницата на Розева Точка Сингапур.

И покрај опозицијата, Розевата Точка оваа година беше успешна во поглед на број на учесници и спонзори кои го подржаа настанот. Покрај обединувањето на ЛГБТ заедницата, овој настан собра и широк спектар на луѓе од општеството во Сингапур, вклучувајќи и владини претставници кои изразија поддршка за ЛГБТ правата.

Мијаги, еден од спикерите на митингот, зборуваше на неговиот блог за зголемениот број на фамилии во Сингапур кои веќе ги прифатиле ЛГБТ луѓето како дел од нивната заедница:

Мене ми е драго што го воспитуваме нашиот син помеѓу пријатели кои ги делат истите семејни вредности. Дека двајца луѓе може да се сакаат без разлика на полот, половиот идентитет или етикетирањето.

Ако ова е „геј начин на живот“, тогаш јас и мојата фамилија со сето срце ќе го промовираме.

Кинг Ериса Танг, една од учесничките на настанот, блогираше за тоа како Розевата Точка ги исполни очекувањата  и поддржуваше отвореност и љубов:

…на Розевата Точка 2014, јас не видов активисти, никој не притискаше за намалување на религиските влијанија, никој „активно не го промовираше“ неговиот „животен стил“: јас видов луѓе – луѓе што одеа дишеа и чувствуваа – кои го прославуваа нивното право на љубов.

Ослободени од сите разлики, тие се пред се луѓе способни за љубов, кои бараат љубов. Не можам да се убедам себеси да одам против тоа. 

Активистот – писател Кирстен уште повеќе ја ценеше релевантноста на Розевата Точка поради ненадејната појава на „омраза“ која дојде од конзервативните религиозни сили:

Розева Точка во никој случај не е перфектен настан или движење. Има уште многу што треба да се каже за диверзитетот и разликите во искуствата – стрејт или геј – во Сингапур и низ целиот свет. Но, јас верувам дека Розевата Точка вреди да се поддржува и е верување кое уште повеќе се зајакна преку излевањето на омраза и сеење страв што доаѓа од религиозни конзервативци.

Launch of the Wear White campaign. Photo from official Facebook page of Wear White.

Лансирање на кампањата Носи Бело. Фотографија од официјалната Фејсбук страница на Носи Бело.

Движењето Носи Бело против Розевата Точка беше лансирано пред муслиманскиот свет месец Рамадан. Ги охрабруваше оние кои доаѓаа на молитва да носат бело во знак на спротиставување на „нормализацијата на ЛГБТ во Сингапур“ и „да помогнат на Муслиманите да се вратат кон нивната природна диспозиција“.

Во меѓувреме, католичкиот архиепископ Вилиам Гох напиша пасторско писмо критикувајќи го животниот стил на ЛГБТ како „штетен за општеството“. „Овој тип на животен стил не треба да биде промовиран од Католици бидејќи е штетен за општеството, не помага во интегралниот човечки развој и е во спротивност со Христијанските вредности“, напиша тој.

Во напис за Граѓанинот онлајн, Гуи се сврте кон критиката упатена кон Розевата Точка:

За клеветниците кои велат дека Розевата Точка го шири нивниот начин на живот на другите, ве молам забележете дека тие не бараат ништо повеќе од еднаквост. Тие само ја сакаат слободата да си ги живеат нивните животи. Тие не убедуваат некого кон хомосексуалноста ниту пак велат дека да се биде хомосексуалец е посупериорно од традиционалниот семеен живот.

Wearing white during a family worship service. Photo  form Facebook page of Pastor Lawrence Khong

Носење бело за време на семејна литургија. Фотографија од Фејсбук страницата на пастирот Лоренс Конг.

Некои од сингапурските „нетизени“ се воздржаа од заземање страни од #НосиБело или #РозеваТочка. На пример, Абдула Замзури преферираше #НосиРозевоСоБелиТочки. Марсеј се залагаше за #ЦрвенаТочка, „бојата на крвта која тече низ секој од нас“:

Мислам дека има повеќе линии кои не разделуваат како нација и дека е време да застанеме обединети. Што и да одберете, се надевам дека ќе престанеме да се бориме и делиме и наместо тоа ќе го славиме нашиот „заеднички именител“ – нашата споделена хуманост.

Розевата Точка ја откри силата во подем на ЛГБТ заедницата во Сингапур, но исто така и ги истакна континуираните влијанија на конзервативните вредности во општеството. Решителната битка продолжува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.