- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Цитирање на Хавел

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Република Чешка, Граѓански медиуми, Историја, Политика

Линкот до познатото отворено писмо  – „Драг д-р Хусак“ [en [1], cz [2]] (1975) – до лидерот на чешката комунистичка партија од тогашниот дисидент Вацлав Хавел [3], деновиве го споделуваат многу македонски корисници на Фејсбук, заедно со извадоци како: „Бројот на луѓе кои искрено веруваат во она што го кажува официјалната пропаганда и кои несебично го поддржуваат авторитетот на Владата е помал од било кога. Но бројот на лицемери постојано расте: до ниво на кое, секој граѓанин е всушност, присилен да стане таков.“