- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мексико: Гласачите ги споделуваат своите поништени гласачки ливчиња на Twitter

Категории: Латинска Америка, Мексико, Дигитален активизам, Избори, Политика, Протест, Уметност и култура

Корисниците на Twitter од Мексико го покажаа своето незадоволство со политичкиот систем во земјата со приклучување во кампањата за поништување на гласачките ливчиња, спроведена за изборите на 5 јули. [1]. Додека гласаа тие ги користеа своите мобилни телефони и фото-апарати во гласачките места за да ги фотографираат своите неважечки гласови (поништени гласачки ливчиња). И покрај тајноста при гласање, некои граѓани на Мексико ги споделија своите протесни гласачки ливчиња на интернет.

Иако фотографирањето гласови е федерален прекршок за да се избегнат измами, [2]предупреди [2]мексиканскиот весник Миленио  [шпански] [2], јавно беа споделени „креативни“ гласачки ливчиња со таговите #votomx [3] и #anulArte [4] (игра со зборови од “null” и “art”). Меѓутоа, Twitcaps [5] – еден од сервисите со кои се овозможува објавување фотографии користејќи микро-формати за линкови на Twitter – е местото каде мозаикот од неважечки гласачки ливчиња ќе биде вистински ценет: поништени гласачки ливчиња, иконата Failwhale на Twitter, гласачки ливчиња за поддршка на сатиричната кампања на др. Моно промовирана од блогот Bunsen [шпански] [6], неколку непристојни цртежи од пениси и пцости, па дури и Шекспировата алузија нацртана со пастел.

Priscilliana ја користи познатата икона на Twitter, Failwhale [шпански] [7] на нејзиното гласачко ливче, однесувајќи се на она што другите корисници го викаат „епски неуспех на системот“:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9el5l [8]

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9el5l

Hernandezz гласаше за др. Моно [шпански] [9], карактер од онлајн стрип [шпански] [6], кој ги исмејува мексиканските политички кандидати:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9f5ww [10]

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9f5ww

“Todos con Dr. Mono!!1 (O una prueba de que tengo pésimo pulso)”

“Сите за др. Моно!!1 (Или доказ дека мојата рака се тресе)”

Hgsantarriga оди кон подиректна порака [11] на неговото гласачко ливче, со фигура која наликува на запатистички бунтовник [12]:

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ekc7 [13]

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ekc7

Aquí comienza la revolución.

Револуцијата почнува тука.

За овие поништените гласачки ливчиња беше објавено во неколку национални весници, како што се Миленио [шпански] [14], Ел Универзал [шпански] [15], меѓу кои беше и следново гласачко ливче објавено од Jordi, кое некој му го пратил [шпански] [16], чиј автор е непознат но пораката е многу јасна:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ex9j [17]

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ex9j