Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мексико: Гласачите ги споделуваат своите поништени гласачки ливчиња на Twitter

Корисниците на Twitter од Мексико го покажаа своето незадоволство со политичкиот систем во земјата со приклучување во кампањата за поништување на гласачките ливчиња, спроведена за изборите на 5 јули.. Додека гласаа тие ги користеа своите мобилни телефони и фото-апарати во гласачките места за да ги фотографираат своите неважечки гласови (поништени гласачки ливчиња). И покрај тајноста при гласање, некои граѓани на Мексико ги споделија своите протесни гласачки ливчиња на интернет.

Иако фотографирањето гласови е федерален прекршок за да се избегнат измами, предупреди мексиканскиот весник Миленио  [шпански], јавно беа споделени „креативни“ гласачки ливчиња со таговите #votomx и #anulArte (игра со зборови од “null” и “art”). Меѓутоа, Twitcaps – еден од сервисите со кои се овозможува објавување фотографии користејќи микро-формати за линкови на Twitter – е местото каде мозаикот од неважечки гласачки ливчиња ќе биде вистински ценет: поништени гласачки ливчиња, иконата Failwhale на Twitter, гласачки ливчиња за поддршка на сатиричната кампања на др. Моно промовирана од блогот Bunsen [шпански], неколку непристојни цртежи од пениси и пцости, па дури и Шекспировата алузија нацртана со пастел.

Priscilliana ја користи познатата икона на Twitter, Failwhale [шпански] на нејзиното гласачко ливче, однесувајќи се на она што другите корисници го викаат „епски неуспех на системот“:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9el5l

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9el5l

Hernandezz гласаше за др. Моно [шпански], карактер од онлајн стрип [шпански], кој ги исмејува мексиканските политички кандидати:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9f5ww

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9f5ww

“Todos con Dr. Mono!!1 (O una prueba de que tengo pésimo pulso)”

“Сите за др. Моно!!1 (Или доказ дека мојата рака се тресе)”

Hgsantarriga оди кон подиректна порака на неговото гласачко ливче, со фигура која наликува на запатистички бунтовник:

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ekc7

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ekc7

Aquí comienza la revolución.

Револуцијата почнува тука.

За овие поништените гласачки ливчиња беше објавено во неколку национални весници, како што се Миленио [шпански], Ел Универзал [шпански], меѓу кои беше и следново гласачко ливче објавено од Jordi, кое некој му го пратил [шпански], чиј автор е непознат но пораката е многу јасна:

 Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ex9j

Фотографијата е преземена од http://twitpic.com/9ex9j

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.