- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либан: Тројца уапсени за постовите на Фејсбук

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Либан, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Закон, Слобода на говор, Технологија, Човекови права

Годинава, либанската влада повторно штрајкува (првиот инцидент беше пред неколку месеци [1]) поради апсењето на Naim George Hanna, 27, Antoine Youssef Ramya, 29 и  Shebel Rajeh Qassab, 27, за објавување на Фејсбук статуси против либанскиот претседател Michel Suleiman [2]. Ова, и веќе постоечката дилема за новиот нацрт закон за е-работење  ( e-transactions draft law [3] ), ја навреди либанската он-лајн заедница поради инвазијата на нивниот кибер-простор:

Либанскиот блогер и репортер Hanibaael во неговиот пост насловен So you won't be next!! Move! [4](арапски) напиша:

Правилата на старата гарда на политичари нема да можат да ја задушат јавната слобода. И ниеден политички или безбедносен орган нема да може да спречи некого да ги изразува слободно своите ставови. Протестите против задушувањето на гласовите ќе продолжат, така да Либан нема да се претвори во нов арапски затвор. Ова е првиот чекор.. и нашите акции ќе се засилат сѐ додека слободата е нарушена.

Либанскиот блогер Tony коментираше за апсењата, велејќи [5] (арапски):

Конечно, и покрај сите под-дебати на ова прашање, сите активисти за човекови права, било политички или цивилни, мораат да знаат дека е особено важно кибер-просторот да не се предаде на секаков вид на цензура или гонење кога се работи за слобода на говорот. Кибер-просторот е еден посебен, глобален и слободен простор и не подлежи на органите на државата или пак на старите политичари кои  сѐуште живеат во минатиот век.  Исто така, кибер-просторот е една од најдобрите алатки со кој денес можеме да изградиме културна, социјална и политичка свесност кај граѓаните. Затоа, треба да биде заштитен од правилата на старата гарда на политичари.

Либанскиот блогер finkployd напиша писмо до Претседателот [6] прашувајќи го за други сериозни теми во државата:

Почитуван Господине Претседателе,

Од многу гледни точки, жалосно е што повеќе од 3 лица беа уапсени затоа што ве навредуваа на Фејсбук.

И што Министерот за правда Ibrahim Najjar ги охрабруваше апсењата.

И дека медиумската узбуна е многу слаба.

И дека Вие не интервениравте за да се исправат неправилностите кои се извршени.

Сето ова се случува во време кога:

- беснеат шумски пожари

- депонијата Саида е преполна

- израелските авиони провоцираат

- израелските шпиони стануваат нервозни и насилни

- е зголемен бројот на жртвите од сообраќајни незгоди
[…]

Реакциите на ова писмо беа разновидни. Еден од читателите го направи ова писмо е-петиција [7] за да биде потпишана од он-лајн заедницата, а еден друг само рече [8]:

Не можете така едноставно да ги навредувате луѓето.

Блогерот Mustapha, кој пишува за Beirut Spring, се прашува дали писмото ќе стигне до Претседателот на истиот начин како што стигнаа и навредите. Тој рече [9]:

[…..] Зошто мислите дека писмото ќе стигне до Претседателот?

На големо изненадување, администраторите на Претседателската страница на Фејсбук постираа соопштение за тоа што се случи, велејќи дека „Има огромна разлика помеѓу слободата на говорот и слободата на клеветење на нашиот Претседател [10]“[арапски]:

И тоа што е најопасно е лажната информација произлезена од некоја телевизија и некои членови на Парламентот, кога тие покажаа слики од други Фејсбук групи, каде тие се преправаат дека се деца, а всушност се возрасни и еден од нив има и криминално досие. Тие велат дека само му даваат совети на Претседателот. Дали е тоа совет кога на некого му велиш (посебно ако станува збор за нашиот сакан Претседател, кој е познат по својата толеранција, љубезност и не одговарање на неговите напаѓачи) „ти не вредиш ништо“, „ти си многу ниска личност“, „ти си расист“ и „ти си како змија“?
Тројцата младичи се ослободени за сега и либанскиот блогер Assaad напиша детален пост [11] [арапски] во врска со целиот настан и го смета нивното ослободување како победа за граѓанското општество:
Тројцата млади мажи беа ослободени за да бидат доведени пред судот  во наредните неколку дена. Цивилното општество смета дека тоа е една победа против тајниот разузнавачки систем, кој се обидуваше да навлезе длабоко во кибер-просторот и да ги замолкне младите кои ги пишуваа своите мислења
Тоа може да биде моментална победа за либанската он-лајн заедница. Но, дали тоа ќе потрае? Дали  повторно Либан ќе има загрозени гласови?