Во провинцијата Рио Негро, во градот Генерал Рока во Аргентина, учениците од ЦЕМ 106 бараат од владата да ги спроведе нејзините ветувања за решавање на проблемот на нивното училиште. Видеа од отворени одводни канали пред училиштето, 3 училници за повеќе од 240 ученици и септичка јамка која се излива во дворот овозможуваат доволни докази за нивните потреби. И покрај ветувањата на владата во јуни за решавање на ова прашање, ништо се нема сменето и ова ги натера учениците да се врзат себеси пред регионалната канцеларија за рурално образование.
Описот и снименото видео [es], поставени од емилиорис од веб сајтот КонтеДиректо, ја кажуваат истата приказна: учениците и родителите од 106 средното училиште, лоцирано во руралната област од Генерал Рока се врзале себеси за регионалната канцеларија на комората за провинцијално образование. Мора да спомнеме дека од 11 јуни, образовниот комитет го реши проблемот со окупирањето на зградата со договор дека ЦПЕ ќе ги проследи нивните ветувања направени минатата година и ќе започне до проширување на нивните згради, бидејќи моментално тие имаат само 3 училници за 240 студенти.
Учениците исто така се движеа низ кампусот и го снимаа ова видео [es]: Може да ја видите калта на патот, отворената канализација, ученици кои имаат часови во ходници, малата кујна каде се подготвува млекото за учениците, празни училници, а позади делот каде тие го имаат физичкото образование, кое од време на време е поплавено од полната септичка јама.
Следново видео [es] е од одлуката на учениците да го окупираат училиштето, како начин за да го покажат своето незадоволство за начинот на кој регионалната администрација ги игнорира нивните барања. Во еден дел од филмот, запрашан е еден од учениците дали окупацијата на школото ќе ги попречи часовите, на што ученикот одговара дека тие имаат веќе изгубено многу часови поради проблемите со цевките, не работењето на сијалиците, поплавите и недостигот на училници.