- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јапонија: Коментар за киднапирање предизвика остри реакции

Категории: Источна Азија, Јапонија, Владеење, Историја, Катастрофи, Меѓународни односи, Најважни вести, Политика

Член на Либералната демократска партија и поранешен генерален секретар Коичи Като [1] предизвика остри реакции од блогерите [2] [ja] и на 2канал [3] [ja] со коментар кој го даде на 7 јули. Во коментарот, Като го поврза застојот на преговорите помеѓу Јапонија и Кореја со владината одлука во 2002 да не ги врати 5те јапонски жители кои беа киднапирани во Северна Кореја [4], откако тие беа донесено само на кратко време во Јапонија од Северна Кореја. Киднапираните беа дел од група на јапонски граѓани кои беа киднапирани од Северна Кореја во доцните 1970ти и раните 1980ти [5], од кои повеќето се исчезнати до овој ден.

Според извештајот [6] [ja] кој е цитиран на блогови и форуми, за одлуката од 2002 да не се вратат киднапираните во Пјонгјанг, Като коментирал дека: „(Беше тажно дека) доколку беа вратени, Пјонгјанг ќе ги убиеше, но ова е она по што се разликува мојот политички став (од оние политичари како Абе Шинзо [7]). Не постојат причини за да веруваме дека тие ќе го направеа тоа.“

Блогерот јиеку на редок метал одговара [8]:

Читањето на овој напис ме прави навистина бесен.
Што и да се каже, киднапирањето е криминален чин.

Како што вели еден од членовите на фамилиите на киднапираните жртви:
„Прашањето на киднапирање е едноставно. Тоа е криминал.“
Повеќето граѓани го третираат киднапирањето како криминал. Дали јапонските политичари ги сметаат жртвите [на киднапирање] само како политичка алатка?
Сепак сега, вие не сте се ни обиделе да ги спасите овие јапонски граѓани од злосторството [на киднапирање], па за што зборите Като?

Блогерот кисарагијајои853 прашува [9]:

Како човечко суштество, зарем не се срами?
Дали политичарите ќе направат нешто, дури и да стојат и да гледаат некој како умира, доколку е во национален интерес?

Некои беа многу концизни во своите пораки. Блогерот јошиказу53тојошима реагира на вестите во два реда [10]:

Престани, ти си предавник на земјата!
Напушти ја земјата!

На Чхулху ин д Вотер, друг блогер ја нуди оваа перспектива [11], извлекувајќи споредба со киднапирањето на јапонскиот лет 351 [12]:

Се прашувам дали Коичи Като (нема ни да ја вклучам неговата титула) ќе може да се соочи со киднапираните жртви или нивните фамилии и да ги направи истите забелешки. Доколку навистина се потребни жртви во преговорите со Западна Кореја, тогаш зошто не ја понуди неговата фамилија? Кога беше киднапиран јапонскиот лет 351, заменик министерот за транспорт Шинјиро Јамамура се понуди себеси во замена за заложниците. Доколку на ист начин, Коичи Като ја понудеше својата фамилија, претпоставувам дека ќе беше во можност да си го покачи рејтингот како политичар. Да се направи нешто вакво, да се жртвуваат немоќни жртви на киднапирање од место на безбедност и сигурност, е навистина подло.