- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

„Ден без автомобили“ во град во југозападна Кина

Категории: Источна Азија, Кина, Животна средина

Минатата година, Кунминг, Кина се приклучи во „Ден беа автомобили“. Сега, градот во југоисточна Кина го надмина [1] овој настан со тоа што воведе „Ден без автомобили“ секој месец.

Кунминг, дом на многу еколошки НВО, има денови без автомобили секоја последна сабота од месецот. Зелениот такт на Кина не запознава:

Полисата има свои лимитации, секако. Наместо комплетно да се забранат автомобили низ целиот град, само на приватните коли им е забранет влез во првата област. На таксистите, автобусите, велосипедите, скутерите и возилата за специјални потреби (или возилата со повеќе од 17 седишта, што се полни повеќе од 50%) им е дозволено да патуваат насекаде низ градот.

Тие продолжуваат:

Полисата по се изгледа има измешани резултати. На 22 септември, Еколошкото биро на Кунминг извести за многу поквалитетен воздух поради ограничувањата на приватните автомобили. .. истиот ден, ББС објави дека возачите во Пекинг го игнорираат повикот за „Ден без автомобили“, каде настанот беше волонтерски и не присилен како во Кунминг.
„Зелените сестри“ на Кинескиот зелен такт, Оујанг и Џени дадоа извештај за денот.

Видео: Ден без автомобили во Кунминг [2]

Кина планира да одржи ден без автомобили во 108 градови на 22 септември, како дел од светскиот „Ден без автомобили [3]“. Кинескиот ден без автомобили треба да спречи испуштање на 3 000 тона гасови [4] и да зачува 33 милиони литри на бензин.

Како додаток на иницијативата „Ден без автомобили“, Пекинг планира огромни рестрикции во сообраќајот [5] поради овогодинешната Олимпијада во источна Кина.