- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

САД, Русија: Дебата околу „шпионите“ 2.0

Категории: Источна и Централна Европа, Северна Америка, Русија, САД, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика, Технологија, Хумор, Рунет Ехо
Anna Chapman, picture from her Facebook account [1]

Ана Чапман, слика од нејзиниот профил на Фејсбук

Апсењето на 29 јуни [2] [англиски] на 11 личности кои припаѓаат на мрежа од наводни руски шпиони (во извештајот на FBI (Федералното истражно биро на САД) наречени „Илегалци [3]“ [англиски]) е тема на неделата на руските сајтови. Личноста Ана Чапман [4] [англиски], 28 годишна „шпекулантка“, привлече најмногу внимание. Дискусиите на интернет се движат во неколку насоки: некои ги исмеваа и „шпионите“ и американските службеници; некои ги анализираа последиците врз односите помеѓу САД и Русија; некои ги дискутираа податоците и сликите од Чапман достапни на интернет; други пак зборуваа за идните тајни операции во услови на целосна виртуелна „транспарентност“, која ја овозможуваат новите електронски медиуми.

Иако ова беше доста популарна вест, многу малку извори тековно ја следат приказната: само руското издание на  Гласот на Америка [5] во живо ги емитуваше известувањата од судницата [6] [англиски] преку нивната LiveJournal заедница (golos_ameriki [7]) и Twitter [8].

Првичната реакција на блогерите: иронија

Еден од првите блогери кој реагираше на апсењето е nl – корисник на LiveJournal, кој објави скениран документ од тужба на FBI и на својот пост му даде наслов: „Со вакви шпиони, на кого му се потребни непријатели? [9]“. Блогерот се исмеваше и на признанијата на агентот на FBI Амит Качија-Пател, споредувајќи го текстот со евтино продолжение на филмот „Шпиони како нас [10]” и на технолошката заостанатост на наводните шпиони.

fyysik продолжи во иста насока [11] [руски], коментирајќи го  процесот на пренесување на кодирани пораки преку изменети слики [12] [англиски]:

Не исключаю, что специалисты ФБР оказались не менее продвинутыми, чем агенты СВР и в 2005-м году научились извлекать EXIF и прочие высокоценные вещи из джипегов.

Думаю, следующим шагом в технологическом соревновании спецслужб будет разработка по помещению и извлечению текстовых тэгов в mp3-шки.

Можно е специјалците на FBI да се исто толку професионални како и агентите на SVR (надворешната разузнавачка служба на Русија) и научиле како да извлечат EXIF [13] [англиски] и други корисни работи од слики во JPG формат.

Мислам дека следниот чекор во технолошкиот натпревар на тајните служби ќе биде истражување за тоа како да се внесат и извлечат текстуални знаци во MP3.

Нереалната природата на „шпионскиот“ процес и неговите особености некои блогери ги потсети [14] [руски] на случајот од 2006 година, кога во Москва беше откриена уште една „шпионска мрежа“, таканаречената “Spy Stone story” [15] [англиски].

Уште еден начин на исмевање на целата ситуација беше со потсетувањето на Штирлиц [16] [англиски], фиктивен шпион на Советскиот Сојуз во нацистичка Германија за време на Втората светска војна. Корисникот на LiveJournal – e-dikiy – смисли еден современ развој [17] [руски] на оваа популарна приказна:

Штирлиц зашел во френдленту и глубоко задумался. Нет, про поездку в Швейцарию писать лытдыбр сегодня, пожалуй, не стоит.

Штирлиц го отвори својот friend feed [18] и длабоко се замисли: “Не, претпоставувам дека денес нема смисла  [да пишувам на мојот блог] за моето последно патување во Швајцарија.”

Дискусија за политичкиот аспект на апсењето

Еден од блогерите кој ги коментираше последиците од апсењето [19] [руски] е Иван Курила, историчар кој се занимава со американско-руските односи, (корисник на LiveJournal и познат како alliruk):

Вопрос: зачем арестовывать их 1) громко и публично и 2) сразу после визита в США Д.Медведева?

[…]

Вывод один: в США есть влиятельные круги, решившие испортить атмосферу российско-американского сближения. Раньше такие попытки были более заметны с российской стороны. Сегодня мы убедились в существовании американских противников сближения.

Вполне вероятно, что до России этим людям дела нет, – их цель – Барак Обама. Компрометация его достижений на российском направлении есть удар по президенту.

Едно прашање: зошто ги уапсија 1) јавно и со кревање толку прашина и 2) веднаш откако претседателот Медведев ги посети Соединетите Држави?

[…]

Може да извлечеме само еден заклучок: во Соединетите Држави постојат влијателни групи кои сакаат да му наштетат на зближувањето на САД и Русија. Во минатото ваквите обиди беа типични за руската страна. Денес, имаме доказ за постоење на американски противници на зближувањето.

Овие луѓе најверојатно немаат никаква врска со Русија, – нивната главна цел е Барак Обама. Уривање на неговите успеси во однос на зближувањето со Русија е напад врз претседателот.

Вниманието свртено кон Ана Чапман

Ана Чапман, која е еден вид на „ѕвезда“ на целиот овој шпионски скандал, стана предмет на различни шпекулации, омраза, па дури и обожавање. На LiveJournal беше основана и заедницата “Free Anna Chapman [20]” [англиски] (иако не привлече многу обожаватели).

Корисникот на LiveJournal –  feeling_of_void – ја анализираше [21] популарноста на веб страницата на Чапман domdot.ru, портал за пребарување на недвижнини. Статистиките покажуваат дека domdot.ru е еден релативен неуспех, со дневна посетеност од околу 1,000 корисници, што не може да се спореди со ниеден конкурент во Москва кој работи во оваа област. Блогерот претпоставува дека сите онлајн инвестициски проекти на Чапман се измама.

‘Шпиони’ 2.0

Случајот на Ана Чапман и нејзиниот „колега“ Микаил Семенко е пример за новиот вид на „шпиони“ – “шпиони 2.0.” и двајцата користеле социјални мрежи (LinkedIn (профилот на Чапман [22] [англиски], профилот на Семенко [23] [англиски]), Facebook, Odnoklassniki) и двајцата имале отворени виртуелни животи каде што споделувале слики кои откривале многу [24] [англиски] за самите нив. Како коментар на интервјуто на Чапман прикажано на YouTube [25] [руски], корисникот Slinqshot праша:

Зачем профессиональному шпиону светиться во всех соцсетях, где только можно?

Зошто еден професионален шпион би се експонирал толку на сите можни мрежи?

Ова прашање покажува промената во типичните примери на тајните операции во средината на социјалните медиуми. Како што кажа [26] [руски] филозофот Александар Морозов (корисник на LiveJournal, познат како amoro1959), притоа мислејќи на претходно споменатиот Штирлиц (симбол за советски/руски  шпион):

человек, не имеющий присутствия в сетях, – ЯВНО ПОДОЗРИТЕЛЕН.
Наверное, “шпион”.
Иначе говоря, имейся во времена третьего рейха ЖЖ – Штирлиц, несомненно, вел бы дневник. О птицах. Как энтомолог-любитель. Допустим. А уж как любитель раритетных автомашин – это просто наверняка.

Личност којашто не е активна на социјалните мрежи е ДЕФИНИТИВНО СОМНИТЕЛНА.
Наверојатно е „шпион.“
Со други зборови, доколку LiveJournal постоеше за време на Третиот Рајх, Штирлиц сигурно ќе имал свој блог. За птици. Најверојатно како ентомолог аматер. Или како љубител на стари модели на автомобили – тоа е сигурно.