Аргентина: Децата на диктатурата проговорија во интерактивниот француски документарец

Блогтротерите (Blogtrotters) претставуваат еден здружен видео блог од Франција, кои за нивниот 9-ти проект патуваат до Аргентина да го снимаат Hijos, здружен документарен филм за исчезнатите деца за време на диктатурата, обидувајќи се да дојдат до нивното потекло сè до исчезнувањето на нивните родители.

patchwork of black and white portraits of disappeared people

Исчезнати притвореници – фотографија на Ha+ под Криејтив Комонс лиценца

На веб страницата на проектот, едно воведно видео објаснува што се обидуваат да направат со нивниот онлајн документарец:

За време на нивното патување во Аргентина тие постојано ги ажурираа информациите преку својот профил на twitter, страницата на facebook, сликите на flickr и преку прикачувањете на видеа на веб страницата. Додека истражуваа, сликаа, снимаа видеа или интервјуираа луѓе, тие истовремено добиваа и коментари, препораки и смислуваа разговори кои ќе одлучат во која насока ќе се движи документарецот.

Како што самите објаснуваат на нивниот сајт, ваквата интеракција со интернет корисниците ќе ја рашири нивната иницијатива и ќе ја прошири темата:

Les internautes pourront influencer le processus éditorial. Ils pourront nous suggérer des personnes à voir, des lieux à visiter, ou nous posez des questions. A charge pour nous d’hierachiser ces apports et d’intégrer cette participation sans nuire à la ligne éditoriale générale.

Интернет корисниците ќе имаат удел во уредувањето на филмот. Ќе можат да предложат кои луѓе да бидат интервјуирани, кои места да се посетат, или пак да ни постават прашања. Нашата задача ќе биде да ги оцениме нивните придонеси според нивната важност и да ги внесеме во проектот без притоа да му наштетиме да општиот тек на уредувањето.
Блогтротерите ќе бидат во Аргентина од 9 јуни до 22 јуни и досега  на нивниот сајт имаат прикачено многу видеа и доколку не разбирате француски, во долниот дел на сајтот имате можност да одберете механички преведувач.
Едно од видеата [француски] нè носи до Паркот на спомените во Аргентина, каде што илјадници имиња заедно со возраста на лицата во времето кога исчезнале или кога биле убиени се испишани на камени ѕидови, за семејствата да можат да им оддадат почит на нивните сакани. На горниот дел од ѕидот е испишано: ова се имињата на убиените и исчезнатите жртви на државниот тероризам и на оние кои умреа борејќи се за истите идеали на праведност и еднакви права.

Исто така, ги посетија и просториите на научната НВО, чијашто мисија е  идентификување на пронајдените остатоци за да им се даде утеха на семејствата кои чекаа со децении да ја пронајдат локацијата на нивните исчезнати деца, браќа или сестри. Досега, 100 од 500те  новороденчиња кои исчезнаа додека нивните родители биле киднапирани се повторно вратени на нивните семејства. Ова е видео со нивното интервју, овој пат снимено во Англија:

А во ова интервју кое ви го пара срцето [француски], разговараат со Ана Марија Кареага, којашто била киднапирана кога имала само 16 години, а потоа била ослободена и заминала во прогонство. Нејзината мајка, членка на групата Мајки на плоштадот Мај , останала во Аргентина каде беше убиена кога се враќаше од богослужба во црквата Санта Круз.

Благодарност до Сузан Лен за нејзината соработка при преведувањето на содржината на овој пост.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.