- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јордан: Кралот Абдула коментира на веб сајтови

Категории: Популарен напис, Прв напис!, Еден месец, Два написа, Три месеци, Пет написи, Шест месеци, Десет написи, Една година, Две години, Дваесет и пет написи, Педесет написи, Пет години, Седумдесет и пет написи, Сто написи, Двесте написи, Среден Исток и Западна Африка, Јордан, Дигитален активизам, Слобода на говор, Технологија

Кралот Абдула II од Јордан минатиот викенд остави два коментари на јордански веб сајтови, вклучувајќи го дневниот весник, Ад-Дустор [1] (апарски), и блогот на Насем Таравнах, Црниот ирис [2]. Коментарите на кралот беа генерално одговор на неодамнешното, искрено интервју [3] со локалниот дневен печат, во кое тој расчисти серија од контроверзии кои се појавија во земјата во последните неколку месеци. Во неговиот коментар, кралот им заблагодари на луѓето за нивните повратни информации и ги охрабри сите да продолжат да коментираат храбро и без страв.

„Ви благодарам на сите за вашите повратни информации и коментари. Јас сум многу среќен и горд да видам толку многу одговорни граѓани во овој дијалог. Луѓето мора да не се плашат да ги искажат своите мислења без користење на псевдоними. Ние сме земја на слобода, толеранција, разновидност и отвореност, и секој го има правото да ги искаже своите мисли – без разлика што се – во атмосфера на почит, се додека не навредуваат некого или го нарушуваат интересот на земјата. Вашите коментари само го покажуваат вашиот интерес за Јордан и неговата иднина и јас сум многу среќен што сме партнери во процесот на развивање.“

Гледано како голема поддршка од медиумите на кралот – особено онлајн – неколку [4] јордански блогери реагираа на коментарите од кралот на своите блогови:

„Јас сум апсолутно воодушевен, дека лидер на земја, кој најверојатно има милион работи да направи, наоѓа време да ги прочита погледите и мислењата на обичните граѓани и да комуницира со нив. Тој е многу поскромен од просечниот Јорданец. Би било одлично доколку повеќе политичари ги следат неговите чекори!“
Фарах [5] од „Набљудување од Јорданец“

Во пост насловен „Исклучок од Јордан [6]“, Фарих Сафир вели:

„Откако ги прочитав коментарите на Црниот ирис и весникот, кој е мој омилен, од страна на неговото величество, никогаш претходно не сум бил толку силно убеден дека врска помеѓу лидер и неговите луѓе може да постои.“

Дури и данскиот амбасадор во Аман, Томас Лунд-Соренсен, имаше нешто да каже за вестите на неговиот личен блог [7]:

На страна од содржината на коментарот на неговото величество, мислам дека ова означува значаен ден за јорданската блогосфера – се повеќе луѓе обрнуваат внимание што се случува во овој медиум, вклучувајќи луѓе од највисокото ниво.