- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Граѓаните новинари се подготвуваат за Олимпијадата

Категории: Источна Азија, Кина, Медиуми и новинарство, Протест, Спорт, Филм, Олимписки игри

Слободниот граѓанин новинар Зуола кажа [1] [zh] дека ќе биде таму, религиозните екстремисти [2] ќе бидат таму, странските медиуми изгледа ќе бараат [3] локални стрингери (слободни новинари), а иновативните веб 2.0 компании се убедени дека за време на Олимпијадата наредниот месец, ќе се случи нешто што заслужува да биде влогирано (видео блогирано) и затоа даваат бесплатни работи [4], без оглед на фактот дека има обид [5] да се забрани било какво снимање на олимписките настани.

Може ли да кажеме дека секој граѓанин новинар од областа треба веќе да ги привршува своите планови за да биде во Пекинг на 888? Доколку вие не планирате, сега е време да размислите повторно. Минатиот месец, глобалниот сајт за граѓанско новинарство, ГраундРепорт [6] објави [7] награда од 500 долари и најдоброто место на нивната почетна страница за најдоброто видео од граѓанин новинар кое ќе се сними нареден месец:

„Бидејќи пекиншките Олимписки игри ќе бидат први покриени од граѓанско новинарство. Додека традиционалните медиуми го покрива Пекинг, ние сакаме да ја дознаеме приказната позади приказната, од обичните луѓе како вас.“

Доколку го посетите сајтот, не заборавајте да ги прочитате правилата [7]. На врвот на листата на идеи за работи кои ГраундРепорт ги бара е: протести.