Андреј Мима – Забрана за Интернетот во Русија

Banning the World Wide Web in Russia? See no evil, hear no evil, say no evil. Images remixed by Kevin Rothrock.

Забрана за светската интернет мрежа во Русија? Не гледај зло, не слушај зло, не говори зло. Колаж фотографии од Кевин Ротрок.

Думата изгласа финален нацрт закон кој ќе бара од сите веб локации да чуваат било какви лични податоци од руски корисници на сервери физички присутни во Русија. Доколку биде одобрен од Сенатот и потпишан од Владимир Путин (што е очекувано), законот би стапил на сила во 2016, давајќи им на интернет компаниите околу 17 месеци да воспостават инфраструктура на руска почва. Со цел да научиме повеќе за потенцијалните последици од оваа иницијатива, RuNet Echo преведе колумна која се појави вчера на TJournal.ru, напишана од Андреј Мима, кој е поранешен член на Yandex и Vkontakte, и ко-основач на Qbaka, компанија за „мониторирање на грешки“.

Андреј Мима. Фејсбук.

Забранување на Интернетот“, од Андреј Мима

Не беше толку одамна кога законот за „ставање на црна листа“ на веб локации покрена јавна и гласна реакција во интернет заедницата и масовните медиуми. Денес, речиси и да не можете да најдете нешто во вестите за законот за сервери и лични податоци. Се чини дека општеството се помири со неминовната регулација на Интернетот и темата престана да биде „жешка“ во средината на други настани.

Се полошо за нас, бидејќи амандмани во законот за лични податоци можат да доведат до далеку посериозни последици отколку блокирање онлајн екстремизам без судски налог.

Формално, почнувајќи од септември 2016, речиси целиот интернет ќе биде под закана да биде блокиран. Под изговор за спасување на нашите информации од непријателски разузнавачки агенции, Интернетот ќе се најде себеси надвор од законот. Само најголемите интернет компании можат да си дозволат да инсталираат сервери во Русија, иако овој закон е директно насочен кон ваквите компании, вели Вадим Денгин, претседателот на комитетот за информациски политики на Думата.

Драги Руси

Покрај Гугл и Фејсбук, има милион други помали сервиси кои луѓето низ целиот свет—вклучувајќи ги и Русите—ги користат секојдневно. Хотелски резервации, технички форуми, веб локации за состанување, паметни календари, е-билети за водени паркови во градот Х—и листата продолжува. Сите овие веб локации чуваат податоци за вас: имиња, лозинки, коментари, фотографии и така натаму.

Со овој предлог-закон, за лични податоци се сметаат „сите информации кои директно или индиректно се однесуваат на индетификувана личност/личност подложна на идентификација“. Просто кажано, тоа е било каква информација за вас. Овој вид на информација се зачувува на било која веб локација или мобилна апликација која го користи концептот на „корисник“.

Корисничките податоци обично се чуваат во една датабаза—чувањето на кориснички профили на различни сервери, географски раширени, е комплицирана и скапа инжињерска задача. Не е економично за интернет компаниите да ги преместат дата архивите за Русите во одделни сервери во други држави. За ова би биле потребни големи трошоци за работата на програмерите, системските администратори, преведувачи и адвокати (и најверојатно би било потребно и отворање на официјална канцеларија за правно застапување во Русија).

Најголемите интернет компании, кои веќе имаат репрезенти во Русија, тежнеат кон тоа да си ги решаваат овие работи самите за себе. Тие се заинтересирани, на крајот на краиштата, за максимизирање на брзината на нивните услуги овде во Русија, а некои од нивните сервери се веќе воспоставени тука.

Црна дупка

Само една десеттина од амандманите на оваа легислатива се однесува на барањето за чување лични податоци во Русија. Останатите 90 проценти го опишуваат протоколот за блокирање на веб локации кои не го почитуваат законот. Со други зборови, ова нема никаква врска со заштита на податоци, а секаква врска со проширување на „црната листа“ со додавање на било која веб локација што чува податоци надвор од Русија.

Во пракса, ова допира до сите веб локации—Интернет компаниите нема да купат сервери во некои непознати земји и нема да ја променат целокупната архитектура на датабазите по каприц на рускиот парламент. Замислете таков закон да се појави некаде во Бангладеш, каде популацијата е уште поголема од онаа на Русија.

Формално, одлуката да се блокира веб локација бара судски налог, но било кој корисник на веб локацијата има право да поднесе пријава дека неговите или нејзините лични податоци се злоупотребуваат, што значи потешкотии со ставање на црната листа не се очекуваат.

Вообичаената пракса за блокирање на веб локации додава кон стравот од најлошото сценарио: одлуките за ставање на црната листа би можеле да бидат хаотични и избрзани. Пресуда по една поплака од некој судија во градот Х без и најмала идеја за интернетот би можела да биде доволна да се блокира веб локацијата на некоја голема авио компанија што решила да не соработува.

За опасностите од сирова храна

Во моментов, амандманите на законот се толку „сирови“ и се практично неспроведливи, без разлика на желбите на властите што сакаат да ги имплементираат. На интернет, невозможно е автоматски да се идентификува кој живее во Русија. Русите можат да се регистрираат на веб локации додека патуваат во странство. Ниедна веб локација не бара од корисниците да докажат каде се регистрирани да престојуваат, и дури и Фејсбук и Гугл нема да го променат нивниот интерфејс поради Русија. Невозможно е да разграничите помеѓу руски граѓанин на одмор во САД од граѓанин на САД во посета на Русија.

Мора да ги земете предвид и добрите вести: нереалистични закони обични стапуваат на сила селективно, низ мануелна контрола.

Никој во Русија не сака да го блокира интернетот и овие амандмани нема да променат речиси ништо во нашите животи.

Овие амандмани на законот се инструмент за вршење притисок на многу точно дефиниран сет на големи западни компании. Никој нема да се заморува со малите веб локации и мобилни апликации. Заштитување на податоците од западните разузнавачки служби во исто време значи и хранење на руските служби со овие податоци.

Ние веќе знаеме како нашите разузнавачи ракуваат со податоците, што го научивме преку „истекувањето“ на лични податоци кои припаѓаа на Yandex. Корисниците на Dengi кои донираа средства на RosPil. ФСВ формално побара податоци за корисници на Yandex, а потоа тие податоци се најдоа во рацете на луѓе кои на никаков начин не се поврзани со ФСБ.

Се разбира, до 2016, Твитер и други големи компании би имале воспоставено сервери во Русија, и прашањето ќе биде затворено. Но, дефинитивно не е во ред тоа што бараа забранување на остатокот од интернетот за да се постигне ова. „Верувајте ми, мнозинството во Русија сака нивните податоци да останат во Русија“, рече авторот на оваа иницијатива, кога го презентираше законот во Думата. И мнозинството Руси му поверуваа.

Овој текст е целосен англиски превод од напис на Андреј Мима кој се појави на руски на веб локацијата TJournal.ru на 3 јули, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.