Дали Прегратка може да ги зближи Генерациите? Оваа индиска кампања вели „Да!“

A HUG Campaign Poster. Image courtesy HelpAge India

Постер за Кампањата „Прегратка“. Фото заслуга HelpAge Индија

Со векови, традицијата на проширено семејство во Индија значеше дека неколку генерации, од баби и дедовци до внуци, живееја под ист покрив. Меѓутоа, со брзиот развој на Индија, се менува и нејзиниот социјален состав. Се повеќе Индијци живеат во помали семејства, а помладите луѓе се преселуваат во потрага по подобри можности.

Ова доведе до зголемување на бројот на повозрасни граѓани кои се принудени да живеат сами. Многумина од нив се соочуваат со изолација, негрижа и осаменост. 

Една срцепарателна кампања се обидува да помогне. HelpAge India HUG – Помогнете во Обединувањето на Генерациите ја охрабрува индиската младина да се спријателат со повозрасни и да споделат прегратка со надеж за градење на „интер-генерациско зближување и да се зголеми емпатијата кај младите кон постарите“. 

HelpAge India, невладина организација која работи за каузата и грижата на возрасните, објаснува на нивната застапничка страна како младите луѓе можат да направат разлика:

Кога и да погледнете повозрасна личност како седи сосема сама, погледнете повторно! Тој или таа може да биде во вашата фамилија или соседство или некој што сте го виделе многу пати и е секогаш сам/а. Оваа личност има една потреба што ти можеш да ја исполниш. Со само еден збор, една насмевка, една прегратка! Само подарете им малку од вашето време. Ова се гестовите што повозрасниот ги бара, но често не ги добива. Кампањата Прегратка те охрабрува, едноставно, да се јавиш, да ги чуеш искуствата, да прашаш како поминал денот и да ги споделиш своите приказни со твојот повозрасен пријател.

Кампањата постираше срцепарателно видео прикажувајќи како споделување на прегратка би можело да изгледа:

 

Индијците живеат подолго, и бројот на „сребрени“ граѓани се зголемува. Според еден извештај на Владата на Индија, индиската „сива популација“ (дефинирана како личности од 60 години и нагоре) е веројатно да го зголеми својот дел од целокупната популација од 7.4 проценти во 2001 на 10 проценти до 2026. Во бројки, ова е огромен скок — тоа што беше приближно до 77 милиони во 2001 ќе се крене на 140 милиони до 2026.

Manjira Khurana (@KhuranaManjira), државен директор, лобирање и комуникации во HelpAge India, верува дека ваквите напори можат да ги сензитизираат помладите личности за потребите на повозрасните. Во интервју преку имејл, таа зборуваше за нејзините аспирации и кампањата Прегратка:

Повременото кафе, излегување и телефонски повик менува животи. Постарите се среќни, а помладите можеби ќе откријат дека постарите знаат да бидат и кул! Тоа можеби ќе влијае на младината да биде посензитивна и пољубезна кон возрасните во нивниот подоцнежен живот.

Кампањата Прегратка исто така бара од младите да ги споделуваат нивните искуства и фотографии. Shreya Misra, соработник во Teach for India, сподели фотографија на Фејсбук страницата на HelpAge India, на која е прикажано како таа се прегрнува со нејзиниот дедо.

"I am sharing a hug with my grandfather. Its such a wonderful feeling to see him smile." Image from HelpAge India's Facebook page

„Јас се прегрнувам со мојот дедо. Прекрасно е чувството да се види неговата насмевка.“ Shreya Misra, соработник на Teach for India. Фотографија од Фејсбук страницата на HelpAge India

Велат дека никој човек не е остров. Секако, повозрасните не заслужуваат да бидат изолирани на островот на осаменост и напуштеност во нивните сребрени години. Кампањата Прегратка даде јасен повик до младината на Индија — во вашето динамично секојдневние, во вашето брзање да пристигнете некаде или да напредувате, не ги заборавајте постарите. Забавете малку и вклучете ги во вашиот живот — споделете насмевка, приказна, прегратка.

Денес, 50 проценти од популацијата во Индија е под 25 години. Дали оваа млада популација слуша? И многу поважно, дали тие ќе превземат акција сега за повозрасните да се почуствуваат згрижени, сакани и потребни во залезот на нивните животи? Јас, на пример, искрено се надевам на тоа.

Никогаш не грижи се за бројките. Помогни на еден човек во даден момент и секогаш почни со личност во твоја непосредна близина. pic.twitter.com/zHH2b5oZQ4 — HelpAge India (@HelpAgeIndia_) 27 јуни, 2014

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.